Чешкиот министер за надворешни Петр Мацинка е во дводневна посета на земјава.
Вести
-
Македонија 19.08.2026 08:40
-
Свет 19.08.2026 08:37
Иран со барања до САД за отворање на Ормутскиот теснец
Укинување на блокадата на САД врз иранските пристаништа, целосно ослободување на замрзнатите средства, укинување на санкциите врз иранската нафта и прекин на сите воени операции - ова се барањата на Иран до САД, кои треба да бидат исполнети за повторно целосно отворање на Ормутскиот Теснец.
-
Македонија 19.08.2026 08:28
Зголемен интензитет на сообраќајот, без подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 19.08.2026 08:22
Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
-
Свет 18.08.2026 20:43
Британија останува цврсто зад Украина, Москва се заканува со „последици за Лондон“
Велика Британија ќе продолжи „100 проценти да ја поддржува Украина“. Оваа изјава на премиерот Барнам следува откако Москва предупреди на „последици за Лондон“, по потврдата дека британски дронови биле користени во украински напади врз цели на руска територија.
-
Свет 18.08.2026 20:18
Од утре во сила новите американски царини за Канада
Канада се подготвува за нови американски царини од до 50 насто, кои утре треба да стапат во сила, додека двете земји остануваат далеку од трговски договор.
Царините ќе погодат канадски производи вредни речиси 20 милијарди долари, меѓу кои вино, мебел, млечни производи, цемент и облека.
-
Свет 18.08.2026 19:44
Пропадна обидот на Вашингтон за мировен план во Газа
Пропадна обидот на Вашингтон да постигне пробив за прекин на огнот во Газа. Американскиот пратеник Кушнер, по разговорите со лидерот на Хамас во Египет, и средбата со израелскиот премиер Нетанјаху заврши без конкретен договор.
-
Македонија 18.08.2026 19:03
Прв уписен рок на УКИМ, над 8.800 места за бруцоши
Денеска е првиот уписен рок за запишување студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за прв циклус на студии во учебната 2026-2027 година. Конечната ранг-листа ќе биде на 27 август.
-
Македонија 18.08.2026 18:26
Латвиец приведен кај Богородица, во возилото превезувал 10 мигранти од Египет
На 17 август околу 22 часот во селото Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Р.С. (59) од Латвија.
-
Култура 18.08.2026 18:00
Драган Даутовски со концерт на Врбјанска Чука: Музика на местото каде што животот пулсирал пред 8.000 години
Археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во недела, 23 август, ќе стане сцена за концертот на Драган Даутовски, кој со своето музицирање на неолитската топчеста флејта ќе ја оживее атмосферата на предисторијата.









