Пожарот во Мариово сè уште се гасне и од небо и од копно. По целовечерната тешка битка со огнените стихии, селото Чаниште сега е безбедно, а огнот се движи кон селото Крушевица, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Вести
-
Македонија 19.08.2026 16:06
-
Македонија 19.08.2026 15:52
Расте бројот на заболени од западнонилска треска, најавени дополнителни мерки
Епидемијата на западнонилска треска е во нагорна линија. За само една недела вирусот е потврден кај 12 пациенти. Досега заболеле 38-мина, за двајца од нив се чека лабораториска потврда. Епидемиолозите објаснуваат дека и покрај прскањето против комарци, периодично се појавуваат вакви епидемии.
-
Македонија 19.08.2026 15:34
11 нови случаи на ХИВ регистрирани во јули, алармираат невладините организации
ХИВ сидата со црвен аларм. 11 лица се регистрирани со оваа болест само во месец јули. Институтот за јавно здравје објави дека се работи за најпродуктивната категорија на возраст од 20 до 49 години од кои девет се мажи, а две жени. Податокот е загрижувачки велат од невладината Хера.
-
Македонија 19.08.2026 14:52
Прв уписен рок на студенти на УГД
Прв уписен рок за студенти на прв циклус студии на УГД. Кандидатите имаат избор од 47 студиски програми на 12 факултети и три академии. Годинава отворени се 3.342 места. Околу половина се за редовни студенти.
-
Македонија 19.08.2026 14:26
Три нови училници во ОУ „Александар Македонски“ – инвестицијата ќе овозможи едносменска настава
Во ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар во Аеродром се доградуваат три нови училници, со што треба да се создадат услови за едносменска настава за сите ученици. Инвестицијата е вредна 2,2 милиони денари, а градежните работи треба да завршат за три месеци.
-
Македонија 19.08.2026 13:51
Муцунски-Мацинка: Чешка ја поддржува европската интеграција на Македонија
Чешка ја поддржува европската интеграција на Македонија и е подготвена да го сподели своето искуство од пристапниот процес, порача чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка по средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во Охрид.
-
Свет 19.08.2026 13:28
Москва и Киев во нова ескалација: Жестоки удари на фронтот, растат и политичките тензии во Украина
Москва и Киев повторно разменуваат жестоки удари, во нова ескалација на фронтот, при што од двете страни се пријавени жртви и материјална штета. Во Херсон руски дрон погодил автобус, додека Запорожје повторно се најде под руски оган.
-
Култура 19.08.2026 12:43
„Плејбои...“ на Драмски на јубилејниот фестивал „Град театар“ во Будва
Драмски театар Скопје вечерва и утревечер ќе гостува на 40. јубилејно издание на фестивалот „Град театар“ во Будва со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“.
-
Македонија 19.08.2026 12:13
Од 1 септември линијата „37“ се враќа на скопските улици, но со нова траса
Од 1 септември линијата „37“ повторно се враќа на скопските улици, но со нова траса од Радишани до Карпош 3. Автобуската линија ќе ги поврзува Радишани и Бутел со средните училишта во Карпош и со Скопје Сити Мол.
-
Македонија 19.08.2026 11:49
Банкарски службеник од Гевгелија присвоил речиси 5 милиони денари и над 63.000 евра
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело „проневера во службата“.









