Цената на дизелот од полноќ се зголемува за дополнителни 2 денари и од утре ќе изнесува 72 денари.
Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 - 76 денари, и ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 78 денари по литар.
Цената на дизелот од полноќ се зголемува за дополнителни 2 денари и од утре ќе изнесува 72 денари.
Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 - 76 денари, и ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 78 денари по литар.
Македонија е прва земја што не е членка на ЕУ каде се спроведува проектот „ЕУ за млади“ за стручно образование, вработување и спречување на иселувањето на младите од земјава.
Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул. „Туристичка“ со ул. „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с.
Вчера во 00.40 часот на ул. „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода И.И.(43) од с. Косевица, општина Македонска Каменица, информираат од МВР.
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.
Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка.
Сточари од пелагонискиот регион за денеска закажаа протест поради неисплатени субвенции. Од Владата најавија дека списоците за исплата на сумите со заостанатите субвенции по грло говеда се веќе изготвени.
Украина и Русија продолжуваат со нападите додека двете страни јавуваат за соборени дронови. Во најновите руски удари врз Одеса и Харков има жртви и повредени, меѓу нив и деца.
Не мирува тлото на Блискиот Исток. Експлозии одново одекнуваат во Израел и Иран. Техеран со нов масовен напад, повторно удри во Бершеба, израелските сили нападнаа во северозападен Иран. Тел Авив решен да оди докрај да ја уништи иранската нуклеарна програма, со или без помош на САД.
Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.