Книжарите почнаа да лепат нови, намалени цени на училишниот прибор. На рафтовите ја има и старата, но и новата цена, па така купувачите може да направат споредба, колку ќе заштедат пред стартот на учебната година. Ќе се купува до 15% поевтино.
Вести
-
Економија 18.08.2025 15:34
-
Свет 18.08.2025 15:11
Во напад на Харков загинаа десет лица
Во напад со руски беспилотни летала врз станбена област во украинскиот град Харков во текот на ноќта загинаа десет лица, меѓу кои и мало дете и 16-годишно момче, соопштија украинските власти, додека САД вршат притисок врз Киев да прифати брз договор за прекин на војната што ја започна Москва.
-
Македонија 18.08.2025 14:25
Приведена жителка на кичевско село, управувала возило со брзина од 107 км на час на место каде што дозволената брзина е 50 км на час
На 17.08.2025 во 15.25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село
-
Свет 18.08.2025 13:53
Масовни протести и апсења во Тел Авив
Масовни протести во Израел. Десетици илјади луѓе се собраа на улиците на Тел Авив, давајќи поддршка на семејствата на заложниците. Ги осудија одлуките на премиерот Нетанјаху за нова воена офанзива во најнаселените области во Газа. Полицијата соопшти дека имало и апсења.
-
Култура 18.08.2025 13:35
Љутков во посета на спомен- собата на Петре М. Андреевски
Министерот за култура Љутков во посета на меморијалната поставка на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски во неговото родно Слоештица.
Александра Максимовска во Дневникот на МРТ разговара со министерот за култура и туризам.
-
Македонија 18.08.2025 13:22
Сè уште гори кај Јасен
Гори на неколку локации во државата. Осум пожари на отворен простор-регистрираат надлежните. Најкритично и натаму во ловиштето Јасен.
Известува Ана Јосифоска.
-
Македонија 18.08.2025 13:17
Армијата над три децении вистински чувар на татковината
Армијата го слави 33-от роденден, три децении исполнети храброст, решителност посветеност во служба на државата. Централната прослава се одржа во Штип.
-
Економија 18.08.2025 12:37
Од полноќ поевтинуваат горивата
Бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
-
Македонија 18.08.2025 12:16
Здружението на инженери поднесе иницијатива до Уставниот суд против паушалните сметки за струја
Здружението на инженери поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на членот 31 од правилата за снабдување со електрична енергија и за преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика.
-
Македонија 18.08.2025 12:02
УХМР: Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно
УХМР најавува дека утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури.










