Брвеница наесен ќе избира нов градоначалник. Собранискиот спикер Гаши ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори, кои ќе се одржат на 18-ти октомври поради смртта на Јовица Илиевски, кој ја доби довербата од електоратот на претходните избори.
Вести
-
Македонија 07.08.2026 19:31
-
Економија 07.08.2026 18:56
Годишната стапка на инфлација забави на 2,3 проценти, храната поевтини
Годишната стапка на инфлација во Македонија забави на 2,3 проценти – покажуваат најновите податоци на ДЗС. Во јули споредено со јуни, пак, има минимален месечен раст од 0,1 процент. Најголемо поскапување има кај транспортот – за 4,4 проценти.
-
Македонија 07.08.2026 18:34
Нов протест на струмичките земјоделци – бараат повисоки откупни цени на „ајварката“
Повисоки откупни цени, навремена исплата на предадените количини и исплата на ланските субвенции. Оваа се барањата што ти упатија струмичките земјоделци од денешниот протест каде повторно го изразија своето незадоволство од ниските откупни цени.
-
Македонија 07.08.2026 18:32
Со владин авион ќе биде пренесен млад пациент повреден во Кушадаси
Министерството за здравство соопшти дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција.
-
Македонија 07.08.2026 18:14
Претрес во Старо Нагоричане: Пронајдени три пушки, приведен 77-годишен кумановец
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчера попладне го лишиле од слобода 77-годишниот К.И.
-
Македонија 07.08.2026 18:00
Недостигаат речиси 5.000 првачиња, демографите предупредуваат на сериозна криза
Македонија се празни – наталитетот, стареењето на населението, но и иселувањето поради што цели семејства купуваат билет во еден правец ја соочува земјава со демографска криза. Податоците за речиси 5.000 првоодделенци помалку од 1-ви септември, го вклучија алармот.
-
Македонија 07.08.2026 17:51
Се намалува бројот на судови, судиите ќе може да работат до 70 години
Со нов закон ќе се прекројува судската мрежа. Наместо 27 бројот на судови ќе се намали на 18. Судовите во Неготино, Дебар, Берово, Крушево, Кратово, Ресен, Свети Николе и Радовиш ќе се трансформираат во одделенија под надлежност на околните основни судови.
-
Македонија 07.08.2026 17:33
Социјалните мрежи преплавени со сведоштва на мајки за доцнење на парите за породилно отсуство, ФЗОМ негира
Мајки кои се на породилно отсуство се жалат – сè уште не сме добиле пари за јуни, а наближува средината на август. На социјалните мрежи споделуваат пораки и искуства и дека не им кажуваат кога средствата ќе бидат префрлени на нивните сметки.
-
Македонија 07.08.2026 17:05
Квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, но забраната останува
Веќе четврта недела по ред жителите на Гостивар немаат питка вода. Газда Аби има угостителски објект. Пред камерата на МТВ раскажа дека дневно троши и до петстотини литри вода. Но, не од чешмите, зашто таа е само за техничка употреба.
-
Свет 07.08.2026 16:48
Масакр во училиште во Тајланд: 14-годишник уби ученици и наставници, па си го одзеде животот
Училишниот ден во Тајланд се претвори во трагедија. Наместо часови и детска врева, во средно училиште во близина на Бангкок одекнаа истрели.










