Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.
Од нив, два пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 22 се целосно изгаснати.
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.
Од нив, два пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 22 се целосно изгаснати.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Музичко-сценскиот караван по повод 35 години независност на Македонија вечерва продолжува во Охрид, каде на стадионот „Билјанини извори“ ќе биде изведен голем мултимедијален спектакл.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Зачестени и долги топлотни удари со енормно високи температури, непрегледни суши, пеколни шумски пожари и силни бури – климатскиот колапс испраќа застрашувачки, но јасен сигнал – границата веќе е премината. Дополнителен предизвик е и метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“.
Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат. Додека Вашингтон најавува можен скорешен крај на војната со Иран, Техеран тврди дека американската дипломатија не успеала. Во напад на Хутите врз саудискиот регион Наџран се повредени 11 цивили.
Топлотниот бран со високи температури и долгата суша веќе предизвикува штети кај земјоделските посеви во струмичко. Земјоделците се обидуваат по секоја цена да го спасат производството кое веќе е подложно на болести и гниење на самите растенија
28-годишникот скопјанец кој на летување во Кушадаци, при пад од тобоган го повреди ’рбетниот мозок со владиниот авион беше транспортиран од Турција во Македонија. Под будното око на тим за медицински транспорт го донесоа во Ургентниот центар во Скопје.
Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење.
Цела Македонија е во портокалова фаза, живата во термометарот се искачи и над 40-тиот степен, особено во урбаните средини. Горештините ќе траат и во текот на следната недела, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.