Парламентот на Романија изгласа недоверба на владата предводена од Боложан. За предлогот гласале вкупно 281 пратеник, четири пратеници биле против, додека три гласа биле неважечки.
Вести
-
Свет 05.05.2026 18:52
-
Економија 05.05.2026 18:41
Инфлацијата и стандардот во фокус, власта и опозицијата со различни гледишта
Според опозицијата, секој петти граѓанин во земјава живее под прагот на сиромаштија. Филипче ја обвини власта за непреземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните додека синдикалната кошничка поскапува, а инфлацијата расте. Алармира и за зголемување на дефицитот.
-
Македонија 05.05.2026 18:17
Одбележан Денот на македонскиот јазик
Денес го славиме македонскиот јазик. Нашата единствена татковина, најголемиот и најсигурен штит на еден народ.
-
Македонија 05.05.2026 17:56
ФЗО ги проверува лажните боледувања
По МВР, и министерството за одбрана бара ФЗО да ги провери боледувањата на нивни вработени. Инспекторите лани направиле двојно повеќе контроли споредено со 2024-та. За да се отстранат детектираните аномалии, формирана е работна група за измени на правилникот за боледувања.
-
Македонија 05.05.2026 17:34
Член на обезбедувањето на премиерот заврши во притвор со кривична за напад врз сопругата
Кривична пријава против член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски поради физички напад врз неговата 37-годишна сопруга. Одреден му е притвор, ќе се гони за нанесување телесна повреда. Постапка против него отвори и внатрешната контрола, со мерка за отстранување од работното место.
-
Македонија 05.05.2026 17:18
Службеничката од Министерството за земјоделство, обвинета за мито во случајот со парите од ИПАРД доби 10 месеци затвор
10 месеци затвор, одреди скопска единица за службеничката од Министерството за земјоделство Јасмина Костадинова која призна дека зела 2.000 евра мито за да посредува фирма од Велешта да добие пари од ИПАРД програмата.
-
Македонија 05.05.2026 17:02
Условни казни за тројца полицајци за „Пулс“
Условни казни за тројцата полициски службеници, кои беа обвинети за злоупотреба на службената положба во случајот со кочански „Пулс“. Кире Богатинов и Горан Лазаров добија условни казни од по една година, а нивниот колега Александар Темелков од две.
-
Економија 05.05.2026 16:34
Четирисезонски туристички центар во Битола
Ќе добијат ли битолчани нов четирисезонски туристички центар? Експертите сметаат дека гондолата на Пелистер ќе ја доближи недопрената природа на националниот парк до секој кој ќе сака да ужива во неа, ќе поттикне поголем развој на туризмот, но и спорт во четири сезони.
-
Македонија 05.05.2026 16:11
Заострува реториката за односите со Бугарија
Релациите Скопје – Софија, камен на сопнување меѓу власта и опозицијата.
-
Македонија 05.05.2026 15:49
Забрзано се работи на исполнување на реформската агенда, уверува Сали
Од 750 милиони евра, Македонија искористила само 112 милиони од Планот за раст на ЕУ.










