Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе присуствува и ќе се обрати на Партнерската конференција за Одржливи услуги за управување со отпад, којашто ќе се одржи денеска во хотелот Дабл три Хилтон (DoubleTree by Hilton) во Скопје.
Вести
-
Македонија 01.04.2025 09:40
-
Свет 01.04.2025 09:24
Украинскиот претседател на линија со сојузниците за планот за мир
Британски, француски и украински воени претставници ќе одржат состанок наредните денови, со фокус на напорите за јакнење на безбедноста на Украина. Украинскиот претседател разговарал со британскиот премиер Стармер за заеднички чекори за мирот и безбедносните гаранции.
-
Свет 01.04.2025 09:07
Невреме ги зафати Парос и Миконос, Родос со мерки
Силно невреме ги зафати Кикладите. Поплавени се островите Парос и Миконос. Службата за цивилна заштита објави вонредна тревога со која се забранува движење на сите возила, освен на итните служби.
Училиштата на Родос денеска се затворени поради лошата временска прогноза.
-
Македонија 01.04.2025 09:01
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 01.04.2025 08:59
Антивладини протести во Грузија, се бараат нови избори
Илјадници луѓе излегоа на протест во Грузија против политиката на владата и повикаа на нови избори и ослободување на затворениците.
-
Македонија 01.04.2025 08:56
Полицаец оддавал државни тајни
МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник, член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, за оддавање службена тајна.
-
Свет 01.04.2025 08:56
Напади во Бејрут, продолжува операцијата во Газа
Израелската војска соопшти дека нападнала зграда во јужните предградија на Бејрут, чија цел била член на милитантната група Хезболах. Израелската одбрана продолжува со операции во северниот и централниот дел на Газа. Во акцијата 50 милитанти биле елиминирани.
-
Свет 01.04.2025 08:52
Се трага по уште еден исчезнат војник на САД
Армијата на САД и литванските власти го истражуваат инцидентот со исчезнувањето на четворицата војници западно од границата со Белорусија за време на тактичка обука.
-
Свет 01.04.2025 08:38
Зеленски на линија со сојузниците за планот за мир
Украинскиот претседател разговарал со британскиот премиер Стармер за заеднички чекори за мирот и безбедносните гаранции. Разговорот следува откако портпаролот на Кремљ рече дека Русија ги смета напорите за ставање крај на тригодишната војна со Украина како развлечен процес.
-
Македонија 01.04.2025 08:17
По две недели пауза, денес пленарки и комисии во Собранието
По две недели, Собранието од денеска продолжува редовно да функционира. Закажани се и комисии и пленарни седници.










