Црвениот крст на Северна Македонија информира дека досега се собрани 43.149.360 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства.
Вести
-
Македонија 21.03.2025 11:48
-
Свет 21.03.2025 11:38
Локализиран пожарот во трафостаницата во Лондон
Аеродромот Хитроу во Лондон-еден од најпрометните центри во светот, е затворен поради прекини во електричната мрежа по голем пожар што изби во блиската трафостаница. Противпожарната бригада соопшти дека огнот е ставен под контрола, но авионите нема да сообраќаат.
-
Македонија 21.03.2025 11:18
Се очекува Обвинителството да отвори истрага за пожарот во Кочани
Истражна постапка покрена и Обвинителството во Скопје за организиран криминал и корупција. Се очекува барање на одредување притвор за тројцата поранешни градоначалници. Како досега тече постапката за пожарот во дискотеката во Кочани кој однесе 59 жртви, известува Елизабета Кузмановска.
-
Македонија 21.03.2025 11:17
Финансиска полиција активно вклучена во акцијата за проверка на работата на кабареа, дискотеки и ноќни клубови
Управата за финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности.
-
Македонија 21.03.2025 11:15
Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно
Денови на жалост во земјава за 59 млади кои загинаа во трагедијата во Кочани и беа погребани вчера. Од 196 повредени, повеќе од 115 лица се во странство, останатите на скопските клиники. Добра вест е дека 10 лица заминуваат на домашно лекување.
-
Македонија 21.03.2025 11:02
Таравари на средба со странските доктори кои помагаат во третманот на повредените
Министерот за здравство Таравари утрово одржа средба со странските доктори кои помагаат во третманот на повредените, како и со Аким Али, претставник на СЗО во државава.
-
Македонија 21.03.2025 10:53
АВМУ најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите.
-
Македонија 21.03.2025 10:43
30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
Се проширува листата на осомничени. Полицијата приведе нови тројца, градоначалници во општина Кочани. Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка, а со него се и двајца негови претходници. Одреден е притвор од 30 дена за ексминистерот Бектеши.
Известува Александра Велинова
-
Македонија 21.03.2025 10:29
Таравари: 10 пациенти хоспитализирани во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување
По завршување на состанокот на кризн штаб, министерот за здравство Таравари излезе со најнови информации за состојбата на повредените од трагичниот настан во Кочани.
-
Македонија 21.03.2025 10:29
Покриени трошоци за 142 лица
Трошоците за лекување, како и сместување за семејствата се на товар на Владата. Од Службата за општи и заеднички работи информираат дека досега за 142 лица од семејствата на повредените од пожарот на лекување во странство се обезбедени авионски билети.










