Македонија во тага. Денови на жалост. Помина најтешкиот ден во историјата на државата. 59 жртви и 196 повредени во страшниот пожар во дискотеката во Кочани. Светот сочувствува со Македонија.
Вести
-
Македонија 21.03.2025 08:07
-
Свет 21.03.2025 07:52
Голем пожар во Лондон, аеродромот Хитроу затворен поради прекин на струја
Голем пожар изби во трафостаница во Лондон. Десет противпожарни возила и 70 пожарникари се борат со огнената стихија. Половина од трансформаторите сè уште горат. Поради прекин во електричната мрежа, британскиот аеродром Хитроу денеска ќе биде затворен.
-
Македонија 20.03.2025 20:17
Македонија тагува, последно збогум за загинатите во трагедијата во Кочани
Најтажниот ден во Македонија. Кочани обвиено во црно, во солзи и тага во вечните почивалишта ги испрати жртвите од пожарот во импровизираната дискотека. Семејствата, пријателите, илјадници сограѓани со болка и солзи се збогуваа од прерано згаснатите млади животи.
-
Македонија 20.03.2025 19:44
Приведени поранешните градоначалници на Кочани- Илијев, Димитровски и Папазов
По наредба на Основното јавно обвинителство Кочани приведени се поранешните градоначалници на Кочани Николчо Илијев, Ратко Димитровски, како и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.
-
Македонија 20.03.2025 19:29
Муцунски во Виена на средба со министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рејзингер
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во Виена се сретна со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рејзингер.
Разговарано за поддршката на Австрија по трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во кој загинаа 59 лица.
-
Свет 20.03.2025 19:14
Белград: Граѓани чекаат во редици да даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани
Голем број граѓани се одзваа на повикот, меѓу другото, на студентите на социјалните мрежи за доброволно дарување крв за лекување на пациентите од Северна Македонија. Голем број граѓани пристигнуваат во Заводот за трансфузија во Белград. Од 7 часот утрово чекаат ред.
-
Македонија 20.03.2025 18:56
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено се одземени четири патнички моторни возила: „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „ форд мустанг“ поради учество во т.н. „диви“ трки на бул. „Трета Македонска бригада“ во Скопје.
-
Македонија 20.03.2025 18:32
Земјотрес почувствуван во Струмица и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.4 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во 15 часот и 34 минути во Струмица и во околината.
-
Македонија 20.03.2025 18:18
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице
Полициски службеници од СВР Скопје денеска на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје. При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.
-
Македонија 20.03.2025 17:55
28 осомничени, 25 во притвор- продолжува истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани
Продолжува истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани. Полицијата и Обвинителството ги бараат виновниците, кои не презеле доволно мерки за да се спречи овој трагичен настан.
Според последните информации на Обвинителството, најмладите загинати имаат само 16 години.










