Македонија тагува, седумдневна жалост. Ден по големата трагедија, во пожар во дискотека во Кочани во која загинаа 59-мина, претежно малолетни и млади лица, сè уште владее шок. Стотици во исчекување за состојбата на повредените, дел од критичните пренесени во странство.
Вести
-
Македонија 17.03.2025 08:31
-
Македонија 16.03.2025 21:34
Ексминистерот Бектеши повикан на распит
На распит во полициската станица Карпош повикан е и ексминистерот Крешник Бектеши.
Игор Панов известува.
-
Македонија 16.03.2025 20:26
Коцевски: Краткотраен притвор за 10 лица
Се бара краткотраен притвор за 10 лица за кои во текот на денешниот ден Обвинителството собрало докази. Постои можност за продолжување на притворот, соопшти државниот обвинител Коцевски. ЈО открило многу неправилности во дискотеката. Коцевски најави проширување на тимот обвинители.
-
Македонија 16.03.2025 19:13
Мицкоски: Нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан до последниот ќе одговара
Седумдневна жалост во Македонија. Знамињата на пола копје надлежните институции се на терен, бараат одговори како се случи трагичниот настан во кој загинаа 59 лица а над 150 се повредени.
-
Македонија 16.03.2025 17:48
Претседателката Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните
Претседателката Гордана Сиљановска–Давкова од вила Водно испрати пораки на сочувство за трагедијата во Кочани.Таа утрово беше во посета на Градската болница „Св. Наум Охридски“ каде се хоспитализирани дел од повредените во ужасната трагедија во Кочани.
-
Македонија 16.03.2025 16:57
Хуманост во мака, граѓаните ги отворија своите домови за кочанчани
Хуманоста како надеж во маката. Граѓаните ги отворија своите домови за сите кои ги чекаат информациите за своите деца внуци блиски роднини. Им нудат престој и храна како да се во својот дом. Една иста порака за трпение и надеж испратија духовните лица.
-
Македонија 16.03.2025 16:42
Влада: Секој инволвиран во овој трагичен настан кој придонел за загрозување на човечки живот ќе одговара, 7 дневна жалост на територија на Македонија
Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани.
-
Македонија 16.03.2025 16:36
Најтешко повредените на лекување во соседството
Најтешко повредените на лекување во соседството. На хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во посета на пациентите беа претседателката Сиљановска-Давкова и собранискиот спикер Гаши. Колкумина се хоспитализирани таму и каква е нивната здравствена состојба?
-
Македонија 16.03.2025 16:12
МВР: Повеќе од 20 осомничени за пожарот во дискотеката во Кочани
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека за трагедијата во Кочани осомничени се повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.
-
Македонија 16.03.2025 15:08
Активирани стручни тимови за кризна интервенција и психосоцијална поддршка за семејствата на настраданите во Кочани
Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, веднаш презема мерки за поддршка на семејствата погодени од трагедијата што се случи рано утрово во кочанската дискотека.










