Државниот обвинител Љупчо Коцевски и натаму опстојува на ставот дека не сторил тешка дисциплинска повреда поради што Владата сака да го разреши. Откако го доби предлогот за негова смена, тој најави дека за кратко ќе се произнесе по сите точки од документот.
Вести
-
Македонија 07.03.2025 16:22
-
Македонија 07.03.2025 16:10
Потврда на македонските позиции, се бараат гаранции за договор со Софија
Надворешната политика на Македонија се води врз основа на стратешкото партнерство со САД и евроинтеграцијата. Затоа, правилна беше одлуката за поддршка на американската резолуција за Украина во Обединетите нации, чиј коспонзор беше Македонија, сметаат шефот на дипломатијата и премиерот.
-
Култура 07.03.2025 15:29
Жените во делата на македонските сликари
Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Галерија Матица, организира изложба на четириесет дела од македонски автори кои ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените. Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените.
-
Македонија 07.03.2025 14:45
Комбинаторики за локалните избори
„Венко Филипче е можеби еден од ретките политичари којшто на отворена сцена покажува разбирање за политиките на ДУИ“, ова е одговорот на премиерот Мицкоски дали на локалните избори би коалицирал со СДСМ во некои општини.
-
Македонија 07.03.2025 14:40
Социјалните работнички го трансформираат животот на жените и ја помагаат нивната економска независност
Министерството за социјална политика, демографија и млади, во партнерство со UN Women Северна Македонија, организираше панел-дискусија со наслов „Трансформативната моќ на социјалните работнички“ по повод одбележувањето на „8 Март“ – Меѓународниот ден на жената.
-
Македонија 07.03.2025 14:22
Во Драчево започна реконструкцијата на коритото на реката Мала Рада
Во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ кои ги организира Министерството за локална самоуправа, делегација на Владата на Република Македонија присуствуваше на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во село Драчево, О
-
Економија 07.03.2025 13:51
За 5% поголем извоз во јануари
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5% во однос на истиот период од претходната година.
-
Свет 07.03.2025 13:40
Трамп: Ако НАТО не плати, нема да ги бранам
Посветеноста на САД кон НАТО повторно доведена во прашање. Вашингтон нема да им помага на земјите кои не трошат доволно за сопствената одбрана – изјави Трамп.
-
Економија 07.03.2025 13:32
Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намал
-
Економија 07.03.2025 13:23
Казни за трговци, затворени објекти
Пазарните инспектори изрекоа казни за трговците, кои не ги почитуваа владините одлуки за намалување на цените. Продолжуваат ригорозните контроли. Колку фирми се казнети и какви се глобите, во Дневникот известува Борис Грујоски.










