Прмеиерот Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој. Како што соопштуваат од Владата, соговорниците размениле мислења за актуелните состојби, економската и политичка соработка.
Вести
-
Македонија 27.01.2025 13:47
-
Економија 27.01.2025 13:34
Од полноќ поевтини горива
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,86% во однос на одлуката од 20.01.2025 година.
-
Економија 27.01.2025 13:34
Се бара чаре за сметките на јавните претпријатија
Во Македонија функционира домашна берза на електрична енергија. Но, предвидено е да се внесат и новини, како резултат на соработката на Бирото за јавни набавки со националниот оператор МЕМО.
Известува Александра Велинова.
-
Македонија 27.01.2025 13:28
Филипче: Црна кампања и прикривање извештаи
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кого ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови го прозива за поврзаност со веледрогеријата, што според нив е одговорна за кризата на Онкологија, попладнево одржа прес-конференција.
Известува Ирина Гелевска.
-
Македонија 27.01.2025 13:22
Неделава решение за недостигот од терапија на Онкологија
Се зголемува условниот буџет на Онкологија. Надлежните уверуваат дека ќе се разреши кризата со недостигот од биолошка терапија, таблетарната ќе се подига и надвор од Клиниката.
Известува Андријана Ѓурческа.
-
Македонија 27.01.2025 13:21
Палевски побара изземање на Обвинителството
Во Кривичниот суд во Скопје, ново рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, прво откако сведокот Гоце Трајковски сам се пријави во полиција за друго дело. Судењето траеше експресно кратко. -
Македонија 27.01.2025 13:17
80 години од ослободувањето на „Аушвиц“
Преживеаните зборуваат, светот да слуша – 80 години од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта „Аушвиц – Биркенау“. 54 меѓународни делегации пристигнаа во Полска за комеморативната церемонија.
-
Македонија 27.01.2025 12:35
Струмица повторно со загаден воздух – екоактивистите најавија протести
Струмица e повторно меѓу најзагадените градови во земјава со штетните ПМ 10 честички во воздухот. Министерството за животна средина по четврти пат издава препораки и мерки како да постапуваат институциите за да се заштитат граѓаните кои веќе стравуваат за своето здравје.
-
Свет 27.01.2025 12:12
Отворена истрага за саботажа на подморски кабел во Балтичко Море
Нов инцидент со софистицираната кабелска опрема во Балтичко Море. Овојпат е прекинат водот на латвискиот јавен медиумски сервис што предизвика прекин на преносот на информациите. По инцидентот, шведските власти задржаа руски брод од таканаречената флота во сенка, бродови без јасна сопственост.
-
Македонија 27.01.2025 11:48
Муцунски – Саар: Продлабочување на билатералните односи, со посебен фокус на економската, технолошката и научната соработка
Продлабочување на билатералните односи, со посебен фокус на економската, технолошката и научната соработка, биле теми на денешниот телефонски разговор на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со министерот за надворешни работи на Државата Израел, Гидеон Саар.










