Со вжештена реторика во македонското собрание мина повторната расправа за законот за измени и дополнување на Законот за заштита на децата. Законот се врати во законодавниот дом, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за негово прогласување.
Вести
-
Македонија 21.01.2025 17:19
-
Свет 21.01.2025 16:40
Најмалку 66 загинати во пожар во хотел во Турција
Речиси 70 загинати и десетици повредени во стравотен пожар што зафати хотел во скијачкиот центар Карталкаја, во провинцијата Болу, северозападна Турција. Пожарот избувнал во ресторан, а пламените јазици брзо се прошириле на целата зграда.
-
Македонија 21.01.2025 16:01
Тешко повреден ученик по пад од трет кат на училиште
Тешко повреден единаесетгодишен ученик од шесто одделение во прилепското основно училиште „Гоце Делчев“. На првиот училиштен ден, детето паднало од највисокиот кат од училишната зграда. Се лекува на детската клиника во Скопје.
-
Македонија 21.01.2025 15:47
Андоновски: Ако мерките потфрлат, Тик-ток ќе се забрани
Ако мерките потфрлат, платформата Тик – ток во земјава ќе се забрани, вели министерот Андоновски, но според него, тоа би бил последен чекор кој би го презела Владата за справување со штетните влијанија од т.н. тик-ток предизвици.
-
Економија 21.01.2025 15:36
Без 1.000 евра тешко се поминува месецот
Без 1.000 евра граѓаните тешко можат да го поминат месецот, алармира ССМ. За еден месец синдикалната минимална кошница пораснала за 391 денар. Нејзината вредност за јануари изнесува 63.252 денари. За една година поскапела за дури 100 евра, велат синдикалците.
-
Свет 21.01.2025 15:24
Жените и децата го понесоа најголемиот товар од војната
Жените и децата од Израел и Газа го понесоа најголемиот товар од конфликтот. Новородени бебиња како страдаат додека некои мајки крварат до смрт. Двете многу мали израелски деца киднапирани на 7-ми октомври сè уште не се ослободени, алармираа од УНИЦЕФ.
-
Македонија 21.01.2025 15:13
Нема биолошка терапија за онколошките пациенти
Онколошките пациенти речиси една недела немаат дел од биолошката терапија. Стравуваат за своето здравје, неизвесно е кога повторно ќе ја примат. На клиниката недостигаат шест лека, а можно е за брзо време да снема уште неколку.
-
Свет 21.01.2025 14:59
СЗО се надева дека САД ќе ја преиспитаат одлуката за повлекување од организацијата
Светската здравствена организација изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја преиспита својата одлука за повлекување на САД од организацијата, пренесоа светските агенции.
-
Македонија 21.01.2025 14:17
Следните денови променливо облачно со сончеви периоди, со пораст на дневната температура
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.
-
Македонија 21.01.2025 13:56
Во Охрид приведен бегалец од Идризово
Вчера на улицата Пере Тошев во Охрид, беше приведен Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.









