Вести

  • Свет 08.01.2025 09:52

    Гренланд не е за продажба - став на Данска

    Данска возврати на провокативните најави на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кој на помалку од две недели пред инаугурацијата излезе со шокантни изјави и желби со кои сака да го промени светот. Меѓу нив е и преземањето на Гренланд.

  • Свет 08.01.2025 09:45

    Хамас чека одговор од Израел за примирјето

    Хамас го чека одговорот на Израел за условите на примирјето во Газа. Нудат ослободување на 34 заложници во замена за палестински затвореници. Повторија дека ќе се држат до договореното само доколку израелската армија се повлече од енклавата.

  • Свет 08.01.2025 09:32

    Повторно издаден налог за апсeње на претседателот на Јужна Кореја

    Судот во Сеул повторно издаде налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, кој е обвинет за бунт и за кого беше изгласано отповикување.

  • Македонија 08.01.2025 09:09

    Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

    На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

  • Македонија 08.01.2025 09:01

    Православните христијани денеска го слават втор ден Божиќ

    Православните христијани го слават рождеството Христово – Божиќ. Денеска – втор ден, во храмовите верниците и оддаваат слава и почит на Пресветата Божја мајка Богородица.

    Желби за здравје и среќа, да ги негуваме традицијата и духовноста, беа божиќните пораки.

  • Свет 08.01.2025 09:00

    Вонредна состојба по шумскиот пожар во Калифорнија

    Црвен аларм во Калифорнија поради шумскиот пожар кој зафатен од екстремно силните ветрови, неконтролирано се прошири на ридот на Лос Анџелес уништувајќи домови во славната област и принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.

  • Македонија 08.01.2025 08:50

    Груби е на пат да добие отказ, поради отсуство од работа на Тетовскиот универзитет

    По 13 години работен ангажман на Тетовскиот универзитет, Артан Груби е на пат да добие отказ. Причината за постапката за отказ е неговото отсуство, не се појавил откако замина од Македонија, па се распиша потерница по него. Осомничен е за сторени злоупотреби.

  • Свет 08.01.2025 08:41

    Продолжува потрагата по преживеани по земјотресот на Тибет

    Ден по смртоносниот земјотрес на Тибет спасувачите екипи продолжуваат со напорите во потрагата по луѓето заробени под урнатините. Се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем од потврдените 126. На терен се сите расположливи сили за помош.

  • Македонија 08.01.2025 08:24

    Пратениците во петок се враќаат на работа

    Во петок пратениците се враќаат на работа, а на првата пленарна седница закажани се интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит И

  • Македонија 08.01.2025 08:11

    Премиерот Мицкоски во посета на Општина Штип

    Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на клон од детска градинка „Вера Циривири Трена“ и спортска балон сала во рамки на подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ во населено место Три Чешми во Општина Штип, каде што ќ

Pages