Главната опозициска Демократска партија во Јужна Кореја поднесе предлог за отповикување на в.д. претседателот и премиерот на земјата, Хан Док-су откако тој изјави дека нема да именува судии во Уставниот суд додека ривалските партии не постигнат политички компромис.
Вести
-
Свет 26.12.2024 10:13
-
Македонија 26.12.2024 10:01
Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела
Во текот на 51 недела од 2024 година, од 16 до 22 декември, во Република Северна Македонија се пријавени 139 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здра
-
Свет 26.12.2024 09:24
Бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто
Најмалку 33 лица загинаа, 15 се повредени, а над 1.500 затвореници побегнале по бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто.
Командантот на полицијата Бернардино Рафаел обвини дека протестите пред затворот биле поттик за нередите.
-
Свет 26.12.2024 09:05
Возило влета во толпа луѓе во Њујорк
Хорор во Њујорк. Такси возило влета во толпа луѓе во центарот на Менхетен на плоштадот Хералд. Повредени се шестмина, од кои тројца се пренесени в болница, меѓу нив е и 9-годишно дете.
-
Македонија 26.12.2024 08:59
Најмногу снег на Попова Шапка, најладно во Крушево
Извештајот на УХМР во 8:30 часот, покажува дека најмногу снег утрово имал на Попова Шапка – 68 сантиметри. Маврово има 60 сантиметри, додека во Крушево 25.
-
Свет 26.12.2024 08:49
Казахстан: Се прават вештачења и идентификација на жртвите
Казахстанските власти ги потврдија официјалните бројки на жртвите на кобниот лет од Баку до Грозни-38 луѓе загинаа, 29 се повредени од кои 11 критични – потврди вицепремиерот кој ги посети преживеаните. Се прават вештачења и идентификација на жртвите.
-
Македонија 26.12.2024 08:37
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози
Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
-
Свет 26.12.2024 08:31
Пет новинари загинаа во израелски напад во Газа
Израел погоди медиумско возило паркирано пред болница во Газа, загинаа пет новинари. Тел Авив го потврди инцидентот, вели-цел биле терористи од палестинскиот Исламски џихад. Ракетирани и други места во енклавата, додека расте бројот на премрзнати бебиња поради нехуманите услови.
-
Македонија 26.12.2024 08:31
Во Собранието пратенички прашања
Собранието денеска ќе ја одржи 26-тата седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања.
Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
-
Македонија 26.12.2024 08:27
Денеска во Собранието заседаваат две комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за култура и туризам и Законодавно- правната комисија.










