Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до 4 декември, ќе престојува во работна посета на Брисел на средби со европратеници и ќе учествува на редовниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.
Вести
-
Македонија 02.12.2024 08:29
-
Свет 02.12.2024 08:26
Левицата води на парламентарните избори во Романија
Романските левичарски социјалдемократи на премиерот Колаку во големо водство на парламентарните избори, пред обновеното крајно десничарско движење кое ја оспори прозападната ориентација на земјата-покажуваат излезните анкети.
-
Македонија 02.12.2024 08:25
Гаши во дводневна официјална посета на Стокхолм
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, предводи парламентарна делегација во дводневна официјална посета на Стокхолм.
-
Свет 02.12.2024 08:20
Препирки за експлозијата во Зубин Поток
Приштина и Белград продолжија со препирките околу експлозијата на водниот канал Ибар-Лепенец во Зубин Поток. Косовскиот премиер Албин Курти вели-точно е дека имало хибриден напад, како што претходно изјави српскиот претседател Вучиќ, но на Косово.
-
Македонија 02.12.2024 08:18
Забрана за камиони на Маврово и на патот Тетово – Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.
-
Македонија 02.12.2024 08:15
Денеска во Собрание заседаваат две комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 02.12.2024 08:14
Променливо облачно со сончеви периоди
Викендот земјава под снежна покривка на повисоките места. Утрово облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 02.12.2024 08:12
Концесија за рекреативен риболов
Концесиите за организирање на рекреативен риболов за 9 зони што го опфаќаат река Вардар, Треска, Брегалница, Пчиња, Црн Дрим, Црна Река и Охридско Езеро е за период од 12 години.
-
Македонија 01.12.2024 17:16
Забранет за сообраќај патот Тетово-Попова Шапка, заглавени возила на Шапка и Маврово
Забрана за сите видови возила е воведена на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка поради наноси од снег. Од Авто Мото сојузот на Македонија информираат дека забраната е воведена од 14:35 часот.
-
Македонија 01.12.2024 16:40
Куманово: Од идната седмица ќе се украсува градот
Од идната седмица ќе започне новогодишното украсување на Куманово. Новогодишната декорација годинава ќе чини 3 милиони денари. Како и изминатите две години, ќе се набават сопствени украси, кои ќе се користат и во иднина.










