Кратко траеше радоста на Акиф Равманоски кој беше помилуван од претседателката Сиљановска Давкова. На вратата од затворот Идризово веднаш е уапсен, а судот го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди 30-дневен притвор. Го сомничи за обид за убиство.
Вести
-
Македонија 24.10.2024 19:33
-
Свет 24.10.2024 19:15
Блинкен: Се прават напори конфликтот на Блискиот Исток да не се прошири
Блискиот Исток заглавен помеѓу секојдневни напади и дипломатија. Американскиот државен секретар по средбите во Катар порача дека се прават напори конфликтот да не се прошири, а израелската војна против Хезболах не треба да доведе до долготрајна кампања во Либан.
-
Македонија 24.10.2024 18:55
Претрес во крушевско, пронајдено оружје
Денеска со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во с. Свето Митрани, крушевско, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од с. Свето Митрани.
При претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол.
-
Економија 24.10.2024 18:49
Поради зголемен прилив на ДДВ – 04 пријави, системот Е – даноци работи забавено
Управата за јавни приходи извести дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на пријавите. Тимови од УЈП активно го следат функционирањето на системот.
-
Култура 24.10.2024 18:33
Потпишан Меморандум за разбирање со Британскиот совет
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорката на канцеларијата на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сирс, денеска потпишаа Меморандум за разбирање за периодот 2024 – 2027 година, кој е важен чекор кон зајакнување на соработката во областа на уметноста, културата и креативн
-
Економија 24.10.2024 18:16
На котација државни обврзници во вредност од 4.536.450.000 денари
Македонска берза објави дека согласно поднесени барања од страна на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, почнувајќи од денеска на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државни обврзници во вкупна вредност од 4.536.450.000 денари
-
Македонија 24.10.2024 17:56
Меџити - Миљаниќ: Градење партнерство и пат кон европска интеграција
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска го прими амбасадорот на Црна Гора Н.Е. Зоран Миљаниќ.
-
Македонија 24.10.2024 17:33
Нови 50 случаи на грип регистрирани минатата недела
Педесет случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот, биле пријавени во текот на 42-та недела од 2024 година, односно од 14-ти до 20-ти октомври, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-
Македонија 24.10.2024 17:11
Ѓорѓиевски ги повика Јакимовски и Костадинов добро да размислат пред да излезат од ЗЕЛС
Ако продолжи теророт на власта, и општина Карпош ќе ја напушти Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски, се закани дека ќе излезат од ЗЕЛС, поради, како што вели, големите притисоци од централната власт.
-
Македонија 24.10.2024 16:48
Заради игнорантскиот однос за проблемот со водата, Струмица го напушта ЗЕЛС
Напуштањето на ЗЕЛС е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење.










