Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени. Владата најави ограничување на цените и на маржите на бизнисот. Економските експерти велат дека мора веднаш да се преземат чекори, но каква било мерка на краток рок тешко дека ќе даде долгорочен ефект против инфлацијата.
Вести
-
Економија 16.09.2024 14:42
-
Македонија 16.09.2024 14:36
Протестна нота од Скопје за Софија
Протестна нота за бугарскиот амбасадор во земјава и барање одговор зошто во петокот за време на средбата меѓу претседателите на Македонија и Бугарија е прекршен договорениот протокол па Сиљановска Давкова и Радев се сликаа само пред бугарски знамиња.
-
Економија 16.09.2024 14:17
Три нови странски инвестиции до крајот на годината, најави премиерот Мицкоски
Покрај договорените четири, до крајот на годината уште три нови германски инвестиции и проширување на постоечките, најави премиерот Мицкоски. Неопходно е економско стабилизирање вели тој, а позитивен сигнал е тоа што има зголемено индустриско производство.
-
Македонија 16.09.2024 14:04
Дрвата од опожарените шуми ќе се продаваат по редовна цена
Околу 200 шумски пожари летово проголтаа близу 60 илјади хектари шума.
-
Економија 16.09.2024 13:45
Пониски цени на горивата од полноќ
Нови, пониски цени на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75%.
-
Економија 16.09.2024 13:28
Граѓаните очекуваат поевтини производи
Последни калкулации за есенската кошница. Кои ќе бидат производите и по која цена ќе се продаваат, одлучува Владата на утрешната седница. Но што велат стопанствениците? Дали е подобро ограничени цени или пак за бизнисот повеќе одговара законот за нефер трговски практики? -
Македонија 16.09.2024 13:27
9 нови лека во аптеките на товар на Фондот
Новите девет лекови од позитивната листа од денеска во аптеките. Оние пациенти кои имаат потреба од користење на овие генерици, ќе ги добија по пониска цена, со што значително ќе се олесни домашниот буџет.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски. -
Економија 16.09.2024 13:23
Нови германски инвестиции до крајот на годинава
Три нови странски инвестиции се очекува до крајот на годината, а со тоа и нови работни места, најави премиерот Мицкоски кој денеска имаше деловен појадок со 100-тина компании, во организација на Македонско-германската комора.
Известува Александра Велинова
-
Македонија 16.09.2024 13:19
Филков- Оцука: Довербата во правосудството е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете држави
Министерот за правда Игор Филков денеска оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука на која се дискутираше за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, владеењето на правото и борбата против корупцијата.
-
Македонија 16.09.2024 13:16
Николоски- Ле Риголер: Македонија останува силно посветена на евроинтеграциите
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.









