Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за култура и туризам на која на дневен ред е предлог на закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.
Вести
-
Македонија 16.09.2024 08:55
-
Македонија 16.09.2024 08:48
Од денеска граѓаните можат да ги земат од аптеките новите лекови од позитивната листа
9-те лекови на проширената листа, за висок крвен притисок, срцеви заболувања, антиагрегати, за третман на депресија и деменција, од денеска пациентите ќе можат бесплатно да ги земаат во аптеките.
-
Македонија 16.09.2024 08:43
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 16.09.2024 08:40
Бугарскиот амбасадор Радуков денеска на разговор во МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Жељаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.
-
Свет 16.09.2024 08:36
„Борис“ беснее низ Европа
Водостојот на реките во централна Европа продолжува да беснее, многумина ја прогласија бурата за „природна катастрофа“.
-
Свет 16.09.2024 08:31
Зеленски: Навремено да се спроведат договорите за оружје
Претседателот Зеленски повторно ги повика САД и сојузниците „навремено да ги спроведат“ договорите за оружје и други набавки за да и помогнат на неговата држава да се бори против руската инвазија.
-
Свет 16.09.2024 08:28
Трамп цел на обид за атентат
ФБИ соопшти дека се чини дека Доналд Трамп бил предмет на „очигледен обид за атентат“ во неговиот голф клуб на Флорида. Полицијата пронашла пиштол и други предмети што осомничениот ги оставил во грмушки во близина на голф-клубот.
-
Македонија 16.09.2024 08:25
Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Собранието
Денеска во посета на Собранието ќе биде делегација од германскиот Бундестаг.
Членовите на Бундестагот ќе имаат одвоени работни средби со комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика за социјална политика, демографија и млади.
-
Економија 16.09.2024 08:23
Заврши доставата на картичките за зелена нафта
Земјоделците ги користат картичките за зелената нафта добиени преку подрачните единици на Министерството.
Министерството обезбеди 493 милиони денари, пари со кои ќе бидат покриени трошоците за зелена нафта на 46.000 земјоделци.
-
Македонија 16.09.2024 08:16
Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.










