Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е во посета на Бугарија. Во Софија ќе оствари средба со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.
Посетата на македонската претседателка на бугарската престолнина ја следи Миле Ристески.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е во посета на Бугарија. Во Софија ќе оствари средба со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.
Посетата на македонската претседателка на бугарската престолнина ја следи Миле Ристески.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера оствари средба со група нерезидентни амбасадори, акредитирани за нашата земја, со седиште во Софија.
Со цел да спречат ескалација, САД нема да дозволат Украина да употреби балистички ракети со долг дострел од Британија и Франција, кои Киев ги користи во пограничните области со Русија, објави британски „Тајмс“.
За жал, како држава веќе подолго време бевме мета на сајбер напади коишто граѓаните делумно ги почувствуваа. Тоа се заканите за бомби кои доаѓаа на хибриден начин кон основните и средните училишта, па потоа и во трговските центри, а сличен вид на напади се случуваа и во државни институции.
Американската амбасадорка Анџела Агелер, изјави дека се разгледуваат голем број случаи и дека повеќе имиња се под проверка во врска со црната листа на САД.
Таа нагласи дека процесот е во тек и дека, како што случаите ќе напредуваат, амбасадата ќе биде информирана од Вашингтон.
Вчеравечер на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле две лица. Се судриле патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, информира СВР Тетово.
Ја информираме јавноста дека вчера во раните утрински часови дваесет питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се пожалиле на мачнина проследена со повраќање.
Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем и на веб страната на МОН објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува во креирањето на најквалитетните решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат пове
Северна Кореја за прв пат јавно откри дека има капацитет за збогатување ураниум. Според државните медиуми на Пјонгјанг, лидерот Ким Џонг Ун за време на посетата на контролната соба во капацитетот за збогатување ураниум повикал да се зголеми производството на нуклеарен арсенал за самоодбрана.
Денеска ќе се знае кои производи ќе се најдат во есенската кошница. Речиси е сигурно дека сезонското овошје, млекото и брашното ќе бидат на листата стотина продукти. Работна група анализира дали ќе има замрзнати цени или ограничени маржи, велат од Министерството за економија.