Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола денеска и во понеделник ќе го реализира вториот уписен рок за студенти бруцоши.
Во вториот уписен рок огласени се 1.612 места, а од нив 697 за државна квота, 582 за студирање со кофинансирање и 333 за вонредни студенти.










