Вести

  • Свет 28.07.2024 11:29

    Северна Кореја ветува целосно уништување на непријателот

    Северна Кореја вети дека доколку лидерот Ким Јонг Ун, даде наредба во случај на војна, целосно ќе ги уништи своите непријатели. Изјавите кои се резултат на „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја беа дадени за време на состанокот по повод 71-годишнината од примирјето во корејската војна.

  • Свет 28.07.2024 11:28

    Трамп собра поддржувачи во Минесота

    Претседателската кампања влегува во последните критични 100-дена. Републиканскиот кандидат Трамп собра поддржувачи во Минесота, држава која не поддржува кандидат на републиканската партија за Белата куќа од 1972 година.

  • Свет 28.07.2024 11:26

    Нов напад на руска територија

    Нов напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз рускиот регион Курск. Забележани се експлозии и пожари во областа, а зафатен е и голем магацин за нафта.

  • Македонија 28.07.2024 11:10

    Сè уште трае епидемијата на пертусис во Куманово

    Не опаѓа бројката на заболени од пертусис во североистокот. На подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово минатата седмица дијагностицирани се девет нови случаи, односно севкупно 86 лица. Од нив повеќето се од Куманово и Липково.

  • Македонија 28.07.2024 10:50

    СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

    Вчера во периодот од 21.00 до 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.

  • Македонија 28.07.2024 10:48

    Јаневска: Просветниот инспекторат редовно ќе ги контролира студентските домови

    Студентите ќе добиваат квалитетна храна во студентските домови.

  • Македонија 28.07.2024 10:45

    Активни три пожари на отворено

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 23 пожари на отворен простор, од коишто три (3) сè уште се активни, еден (1) е под контрола, а 19 се изгаснати, во последното деноноќие.

  • Економија 28.07.2024 10:22

    Бизнисот чека пари од унгарскиот заем

    Компаниите ќе мора да го зголемат обемот на производството ако сакаат пари од унгарската кредитна линија. Министерството за финансии крои закон за дефинирање на условите. Детали не соопштуваат, но велат – средствата се со камата од 3,25 насто, 15 години отплата и грејс период од три.

  • Свет 28.07.2024 10:07

    Израел одговори на крвавиот напад

    Блискиот исток на раб на амбисот. Израелската авијација нападна цели на Хезболах длабоко на либанска територија откако ракета падна врз фудбалско игралиште на Голанската висорамнина, при што се убиени 12 тинејџери, а над 30 се ранети.

  • Македонија 28.07.2024 09:54

    Доброволци на терен во борба со огнот

    Златко Димов од село Сирково засекогаш ќе го памети 17-ти јули 2024 кога огнот од пожарот над неговото село му ги изгоре лицето, раката и ногата. Се сеќава дека се започнало кога еден од синовите дошол дома и му кажал дека шумата над селото гори. Димов тргнал да им помогне на пожарникарите.

Pages