Бугарскиот претседател Румен Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада на втората по големина пратеничка група во Народното собрание – „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.
Вести
-
Свет 22.07.2024 09:12
-
Македонија 22.07.2024 09:01
На Табановце и Богородица од утрово колони возила
На граничните премини Табановце и Богородица и утрово се чека и по повеќе од еден час. АМСМ јавува за зголемен интензитет на сообраќај. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 22.07.2024 08:56
САД ги повика своите граѓани да не патуваат во Бангладеш поради „граѓанските немири“
Стејт департмент ги повика американските граѓани да не патуваат во Бангладеш поради тековните граѓански немири.
Врховниот суд во Бангладеш го отфрли контроверзниот систем на квоти за јавна администрација, делумна победа на студентите кои протестираат со денови.
-
Свет 22.07.2024 08:54
Москва тврди дека освоила две населби во источна Украина
Од Москва соопштија дека руските сили зазеле по една населба во регионите Луганск и Харков.
Според украинските власти, во гранатирањето на 13 населени места во областа Керсон, загинале три лица, а 13 се ранети.
-
Свет 22.07.2024 08:49
Ескалира состојбата на Блискиот Исток
Нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Израел го нападна јеменскиот пристаништен град Ходеида, погодувајќи складишта за гориво и градската централа. Првиот одговор од Јемен – беа лансирани неколку балистички ракети кон израелското летувалиште Еилат.
-
Економија 22.07.2024 08:42
Ребалансот на Буџетот во четврток на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
Ребалансот на буџетот во четврток ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата на Комисијата е закажана во 11 часот.
-
Македонија 22.07.2024 08:38
Судскиот совет денеска ќе расправа по претставки и поплаки од граѓани и правни лица за работата на судиите
Судскиот совет денеска со почеток од 13 часот ќе ја одржи 493. седница на која има осум точки на дневен ред.
-
Економија 22.07.2024 08:34
Финансиска поддршка за одгледување добиток
Корисници на средствата се земјоделските стопанства кои стадото ги имаат евидентирано и го чуваат најмалку до 30 ноември 2024 година.
-
Економија 22.07.2024 08:30
Претседателката на ЕБОР во посета на Македонија
Претседателката на Европската банка за обнова и развој Одил Рено-Басо, денеска е во посета на земјава. Ќе се сретне со владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.
-
Македонија 22.07.2024 08:15
Активни десетина пожари, но не се загрозени населени места
Десетина пожари и натаму активни во земјава, но ниту едно населено место не е загрозено, информираат од ЦУК. Најсериозно е сè уште на планината Серта. Гори и над воениот полигон Криволак над Пенуш кон Брегалница.










