Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 10 до 18 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 10 до 18 степени.
Македонија е далеку под европскиот просек кога се работи за органодарителство. Добивањето согласност од семејствата на потенцијалните донори оди тешко. Долга е листата на пациенти за кои трансплантацијата значи живот.
Напуштени, препуштени на инстинктот го чекаат првиот сончев зрак да ги погали и да ги затопли. Ама звукот на еден автомобил секој ден ги прави среќни, оти доаѓа нивната Наде. На овие некогаш нечии миленичиња, таа е нивното сè. Им носи храна, но многу повеќе љубов.
Над 6.400 активни фирми работат без фискални апарати. Ригорозни контроли и санкции за бизнисите од трговијата, угостителството и услугите кои остваруваат готовински промет надвор од системот, најавија од Управата за јавни приходи.
Денес во Србија се одржуваат локални избори во десет општини-во Бор, Лучани, Бајна Башта, Књажевац, Кула, Кладово, Севојно, Смедеревска Паланка Мајданпек и Аранѓеловац.
Владата нема да прифати уставни измени под услови кои, директно го засегаат македонскиот идентитет без јасна предвидливост и конечен исход на процесот – дециден премиерот Мицкоски во коментарот дека ЕУ бара уставни измени за впишување на Бугарите и без промена на преговарачката рамка.
Започна реконструкција на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, прва од неговата изградба пред повеќе од 70 години. Станува збор за инвестиција од 2,7 милиони евра која ќе опфати обнова на терминалната зграда и изградба на нов административен објект.
Двојно зголемена малолетничка деликвенција во Куманово, покажува статистиката на кумановската полиција. Малолетници се повеќе вклучени во кривични дела од имотен криминал, кражби, но и во насилство.
Америка повторно излезе на улица, протести против политиките на Доналд Трамп и војната во Иран. Трет бран на движењето „Без кралеви“ кое веќе собра милиони луѓе. Илјадници граѓани рамо до рамо против, како што велат, агресивното спроведување на имиграциските закони. Епицентарот e Минесота.
Она што до вчера беше научна фантастика, денес е реалност. Вештачката интелигенција креира содржини, носи одлуки и влијае врз мислењето на луѓето. Брзиот развој на технологијата, го отвора прашањето дали сме подготвени за нејзино негативно влијание?