Одбележан Денот на македонската полиција, 7-ми мај. Пожртвуваноста, одговорноста, храброста и моралот, карактеристики на припадниците на сината униформа. Тие се столбот на мирно, демократско општество, чувари на законот и редот.
Вести
-
Македонија 07.05.2024 14:28
-
Свет 07.05.2024 14:09
Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат
Со положување заклетва во големата палата во Кремљ, Владимир Путин и официјално го почна својот петти 6-годишен претседателски мандат. Им се заблагодари на учесниците во специјалната воена операција во Украина и на жителите кои го бранеле правото да бидат со татковината.
-
Македонија 07.05.2024 14:00
Непречено и без проблеми се одвива денешното гласање во Прилеп
Навремено, непречено и без проблеми се одвива денешното гласање во Прилеп, потврдуваат од општинската Изборна комисија. Гласаат 455 болни и изнемоштени што е речиси двојно повеќе од првиот круг и ист број, 68 штитеници од Домот за стари лица и 104 лица, осуденици од прилепскиот затвор.
-
Економија 07.05.2024 13:59
Пониска цена на горивата од полноќ
Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
-
Македонија 07.05.2024 13:54
Вклучен алармот за Охридското Езеро
Иако Охридското Езеро е еден од најзначајните еко-системи во светски рамки тоа со децении наназад се наоѓа под притисок на човекот.
-
Македонија 07.05.2024 13:49
ДИК: Гласањето започна навремено и се одвива во најдобар ред
Денес започна гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор, лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, внатрешно раселените лица и лицата од дијаспората.
-
Македонија 07.05.2024 13:33
Гласањето во „Идризово“ мирно и без проблеми
Мирно и без проблеми помина гласањето во најголемиот затвор во земјава, „Идризово“. Гласачките кутии беа отворени точно во 7 часот, а се гласаше за претседател и за нов парламентарен состав. Во овој затвор кој припаѓа на општинската изборна комисија Гази Баба, беа запишани 887 избирачи.
-
Македонија 07.05.2024 13:26
Се гласа во затворот „Кшање“
Се гласа и во затворот „Кшање“ во кумановско. Како тече гласањето, колкумина кои издржуваат казна затвор се пријавиле да го искористат гласачкото право?
Оттаму известува Елена Георгиевска.
-
Македонија 07.05.2024 13:22
Во функција е бесплатната телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
Во канцеларијата на Народниот правобранител утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг на претседателските избори и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
-
Економија 07.05.2024 13:20
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.










