За двојните избори се акредитирани вкупно речиси две илјади набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу се акредитирани домашни набљудувачи – 1.078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи.
Вести
-
Македонија 07.05.2024 08:51
-
Економија 07.05.2024 08:42
Задругите да се вратат на село
Од 2013 година кога е донесен законот регистрирани се и работат повеќе 60-сет земјоделски задруги, но сите не ги исполнуваат законските услови за добивање на финансиска поддршка и помош.
-
Македонија 07.05.2024 08:38
Се одбележува Денот на полицијата
Денеска со низа свечености се одбележува 7-ми мај Денот на полицијата. Поради одржување на настанот во периодот од 8 до 18 часот во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим.
-
Македонија 07.05.2024 08:34
Приватните специјализанти и денеска на собир за да покажат дека не се откажуваат од барањата
Приватните специјализанти и денеска на собир за да покажат дека не се откажуваат од нивните барања. Како што најавија, секој вторник од 11 часот за време на паузата се собираат во паркот кај интерните клиники за ги потсетат надлежните дека нивната состојба останува непроменета.
-
Македонија 07.05.2024 08:29
Осигурителните компании денеска треба да решат дали ќе им ги вратат парите на граѓаните кои платија поскапи полиси
Осигурителните компании денеска треба да решат дали ќе им ги вратат парите на граѓаните кои платија за 15 насто поскапи полиси.
-
Македонија 07.05.2024 08:25
Денеска гласаат болните, затворениците и лицата во дијаспората
Денеска, еден ден пред изборите, гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во притвор чии пријави беа прифатени од општинските изборни комисии. Во дипломатско-конзуларните претставништва гласаат и македонските државјани кои се во странство.
-
Македонија 07.05.2024 08:21
Сончево и топло
Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
-
Македонија 07.05.2024 08:18
Oд ноќеска на полноќ почна изборниот молк
Oд ноќеска на полноќ почна изборниот молк за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори. Ќе заврши утре во 19 часот до затворањето на гласачките места. На претседателските избори 2024 година граѓаните во вториот круг ќе можат да меѓу двајца кандидати.
-
Македонија 06.05.2024 19:11
Мостот „Беласица“ целосно пуштен во употреба
По речиси една година, мостот „Беласица“ целосно е пуштен за сообраќај и за товарни возила но, цевките на ЕСМ од топловодот не се ставени и сè уште стојат во тревникот на кејот под мостот.
-
Македонија 06.05.2024 16:54
Завршува пролетниот распуст за учениците
Од 29-ти април до 5-ти мај официјално траеше пролетниот распуст, кој по препорака на Министерството за образование и одлуката на Владата првпат е воведен оваа година. Според психолозите, овој кус може да очекуваме да донесе позитивни ефекти кај учениците од основните и од средните училишта.










