Вести
-
Економија 23.03.2026 13:20
Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 насто
Владата повлече потег, се очекува одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за цените на нафтените деривати. Вчера на вонредна седница ДДВ-то за горивата го намали од 18 на 10 насто.Дали стигнаа пресметките на Регулаторна, известува Викторија Милевска. -
Економија 23.03.2026 13:18
Мицкоски: Снабдувањето во електроенергетскиот систем е стабилна, исто и снабдувањето со нафта
Претседателот на владата, Христијан Мицкоски присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово. Премиерот одговараше на прашања и за состојбата со нафтата и нафтените деривати и справувањето со енергетската криза.
-
Свет 23.03.2026 12:35
Интензивни руски напади во Украина, дипломатијата во втор план
Војната во Украина продолжува. Со над 200 беспилотни летала Русија и ноќва нападна неколку региони. Украински беспилотни летала го погодија најголемото руско нафтено пристаниште на Балтичко Море, Приморск. Оштетена е инсталација за гориво, персоналот е евакуиран.
-
Култура 23.03.2026 12:18
Изложбата на „Архивски документи“ Жанета Вангели
Изложбата „Архивски документи“ на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели е првиот програмски проект за 2026 на Национална галерија. Овој проект ќе биде реализиран во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб со поддршка на Министерството за култура и туризам.
-
Свет 23.03.2026 11:50
Израел и Иран со меѓусебни жестоки гранатирања
Глобалната енергетска ситуација предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток е многу сериозна, предупредува Меѓународната агенција за енергетика и повикува на повторно отворање на Ормускиот теснец.
-
Култура 23.03.2026 11:15
Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше
Конечно, современата македонска книжевност доби психолошки трилер каков што досега немаше. Дело од македонски автор коешто со своите квалитети е рамо до рамо со најдобрите психолошки трилери што до македонската читателска публика доаѓаа само преку преводната литература.
-
Свет 23.03.2026 10:28
Насилни антивладини протести во Тирана
Насилни протести на улиците во Албанија. Опозициските демонстранти со молотови коктели го нападнаа седиштето на владејачката партија. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата.
-
Свет 23.03.2026 09:46
Авион на Ер Канада се судри со аеродромско возило на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк
Инцидент на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк. Авион на компанијата „Ер Канада експрес“ се судри со возило за спасување и гасење пожари на пистата. Веднаш биле активирани итните протоколи и аеродромот бил затворен за да се овозможи интервенција и да се спроведе детална истрага.
-
Свет 23.03.2026 09:20
Предупредување за опасност од енергетска криза
Меѓународната агенција за енергетика повикува на повторно отворање на Ормускиот теснец. Регулаторот предупредува, глобалната енергетска ситуација предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток е многу сериозна.
-
Македонија 23.03.2026 09:02
Седница на Комисијата за култура и туризам
Во Собранието денеска ќе се одржи седница на Комисијата за култура и туризам, на која на дневен ред е Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 година.










