Расте притисокот од САД за обезбедување на пловидбата низ Ормускиот Теснец. Шефот на Белата Куќа вели дека би било многу лошо за иднината на НАТО ако сојузниците не помогнат во решавање на кризата во важниот проток.
Вести
-
Свет 16.03.2026 14:00
-
Економија 16.03.2026 13:42
Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата кровна фотоволтаична централа на јавни објекти во Македонија
Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на стратешки проекти насочени кон одржлив развој, енергетска ефикасност и модерно управување со јавните ресурси.
-
Македонија 16.03.2026 13:34
Брифинг со спикерот Гаши
„Секој да се грижи за институцијата која ја води, а не да гледа во туѓиот двор“ – ова е реакцијата на собранискиот претседател Африм Гаши за критиките на првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски дека Парламентот не ги извршува своите обврски во целост. -
Македонија 16.03.2026 13:33
Утре нов лет за евакуација од Дубаи
Утре уште еден лет Дубаи-Скопје за евакуација на македонски државјани. Досега беа реализирани четири чартери со кои беа превезени вкупно 458 патници. Дали утрешниот лет е последен или ќе има уште?
-
Економија 16.03.2026 13:26
Ново покачување на горивата од полноќ
Цената на нафтата на светските берзи повторно оди нагоре. Расте загриженоста за последиците за светската економија. Кај нас, Регулаторната комисија за енергетика со нова пресметка за цените, една недела по драстичното зголемување.
Борис Грујоски известува.
-
Македонија 16.03.2026 13:20
Струмица: Засадено дрвце за загинатите во „Пулс“
Во струмичкиот парк, средношколци засадија дрвца како почит за починатите во Кочани. Повикаа на сплотеност во најтешките моменти. Градот го загуби својот сограѓанин, Ѓорѓи Ѓорѓиев, тапанарот на групата ДНК.
Што други рекоа младите струмичани, известува Ване Трајков.
-
Македонија 16.03.2026 13:20
Годишнина од трагедијата во „Пулс“
„63 бели столчиња – 63 животи“ – во Паркот на револуцијата во Кочани одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“. По една бела роза за спомен. Градот и семејствата на жртвите една година живеат со болката од најголемата трагедија во поновата историја на земјава. -
Македонија 16.03.2026 12:18
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 16.03.2026 11:38
МВР: Изминатиот викенд 1.198 сообраќајни прекршоци
Во текот на изминатиот викенд периодот (14/15.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1198 издадени платни налози, 465 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почит
-
Свет 16.03.2026 10:56
Зеленски: Путин никогаш не сакал да ја заврши војната, потребен е поголем притисок врз Москва
Украинскиот претседател вели дека Путин никогаш не сакал да ја заврши војната и повика на зголемен притисок врз Москва. Според Зеленски, САД треба да извршат значителен притисок врз Путин, или во спротивно, како што изјави, рускиот претседател нема да преговара.










