Продолжува истрагата за мајката и шестгодишната ќерка кои пред една недела го загубија животот при пад од балкон од зграда во Тафталиџе.
Вести
-
Македонија 09.03.2026 18:07
-
Свет 09.03.2026 17:53
Војната беснее, Иран има нов ајатолах
Одбранбениот систем на НАТО собори уште една иранска балистичка ракета над Турција. САД ги советуваа граѓаните да го напуштат југоисточниот дел. И ОАЕ и Катар објавија пресретнување на ирански проектили.
-
Култура 09.03.2026 17:42
Претставена годишната театарска програма на МНТ
Со буџет зголемен за 56 проценти, Македонскиот Народен Театар во новата сезона влегува со силна, интензивна и внимателно селектирана програма. МНТ ќе освојува со премиери што отвораат актуелни општествени прашања, нови копродукциски соработки и гостувања.
-
Македонија 09.03.2026 17:19
Протест во Битола, граѓани бараат да се реши проблемот со уличните кучиња
Куче од расата Кангал му го распара лицето на четиригодишно девојче. Животозагрозувачки напади врз луѓе од страна на кучиња скитници не се првпат. Поради тоа, маса народ се собра пред општинската зграда во Битола.
-
Македонија 09.03.2026 17:04
Предлог-законот за Јавно обвинителство оди на јавна расправа
Преку јавна расправа за Предлог-законот за Јавно обвинителство ќе се лекува рак-раната на општеството – правосудниот систем, посочи претседателот на Комисијата за политички систем и односи со заедниците, Љупчо Пренџов. Одлуката е поддржана од сите членови на Комисијата.
-
Македонија 09.03.2026 16:52
Менкиноски ќе бара правда во Стразбур
Уште една тужба против Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Овојпат за 10-годишната забрана за влез на адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува Македонците кои живеат во источниот сосед.
-
Македонија 09.03.2026 16:36
Ново рочиште за кобниот пожар во „Пулс“
Прскалките кои кобната вечер биле активирани во „Пулс“ најверојатно биле купени на Бит Пазар. Ова го тврди сопственик на продавница за опрема за сценски настапи кој пред 3 години им продал прскалки на Панчо и Буцо од ДНК.
-
Економија 09.03.2026 16:20
Драстичен скок на цените на горивата
Дизелот поскапува за 14,5 денари за литар, бензините за 5 денари, откако цената на суровата нафта на светските берзи надмина 118 долари за барел, највисока во последните четири години. Екстра лесното скокна за 12,5 денари, повисока цена има и мазутот.
-
Македонија 09.03.2026 16:08
Сите македонски државјани од Блискиот Исток ќе бидат евакуирани до средината на неделава
Над 500 граѓани побарале да бидат извлечени од ризичните земји на Блискиот Исток. Најголем дел од нив 430 побарале евакуација од емиратите. Министерот за надворешни Муцунски уверува дека процесот е во крајна фаза и дека до крајот на неделата нашинците ќе се вратат дома.
-
Македонија 09.03.2026 15:52
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
На 08.03.2026 во Гостивар, полициски службеници од НККР Гостивар го лишија од слобода Б.Х. од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Подоцна, околу 23:00 часот, по добиена судска наредба, полициски службеници извршија претрес во домот и помошните простории на Ј.К.










