Во притвор во затворот Скопје е поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, за МТВ потврдија од установата.
Од МВР потврдија дека Бајрами утринава сам се предал.
Во притвор во затворот Скопје е поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, за МТВ потврдија од установата.
Од МВР потврдија дека Бајрами утринава сам се предал.
Во Македонија сè уште се активни три пожари на отворен простор, додека седум се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати. Во периодот од 8 до 9 септември до 7:30 часот биле регистрирани вкупно 34 пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседава Законодавно-правната комисија, каде што членовите ќе разгледуваат точки поврзани со тековната законодавна агенда.
Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава сам се предал на органите на прогонот, откако подолг период беше во бегство.
Рускиот и американскиот претседател Путин и Трамп разговараа по телефон за прекин на конфликтот во Украина. Шефот на Белата куќа изјави дека сака напредок во преговорите што е можно поскоро, соопшти Кремљ.
Вашингтон и Техеран се враќаат во борбите за време на повеќе од шест месеци војна. Американската војска соопшти дека уништила пет ирански танкери за сурова нафта.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Македонија и натаму заостанува на тестирањето на Писа. Резултатите за 2025 што беа објавени денеска покажуваат дека нашите ученици се под просекот по математика, читање и природни науки. кај математиката дури има и назадување.