Со транспаренти „нема правда, нема мир“, илјадници луѓе излегоа на улиците на Минеаполис и во други градови во САД поради убиството на 37-годишната Рене Гуд во акција на агент на службата за имиграција и царина.
Вести
-
Свет 12.01.2026 09:33
-
Свет 12.01.2026 09:30
Трамп уверува дека ќе го земат островот
Трамп изјави дека ќе го имаат Гренланд „на еден или друг начин“. Шефот на Белата куќа тврди дека ако САД не го поседуваат, тогаш Русија или Кина ќе го преземат, а не ги сакаат нив за соседи.
-
Македонија 12.01.2026 09:22
Денеска седници на седум комисии во Собрание
Во Собранието денеска се закажани седници на комисиите за социјална политика, демографија и млади, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањ
-
Македонија 12.01.2026 09:07
Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување
Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување.
-
Свет 12.01.2026 08:53
Техеран предложил преговори со Вашингтон
Со прекин на интернетот и телефонските линии, тешко е да се процени ситуацијата во Иран. Светските агенции нотираат за стотици загинати и ранети, илјадници уапсени.
-
Свет 12.01.2026 08:53
Илјадници домаќинства без струја во Украина
Воведувањето на електрична енергија и затоплување, останува врвен приоритет по неодамнешните руски напади, изјави украинскиот претседател.
-
Македонија 12.01.2026 08:42
18 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Денеска се одбележуваат осумнаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот Винг. Армиски хеликоптер Ми-17 се урна кај селото Блаце, Катлановско, на само 50-тина метри од последните куќи во селото.
-
Македонија 12.01.2026 08:32
СДСМ: Опозицијата освои двојно повеќе гласови
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, реакција на социјалдемократите, по прес-конференцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
-
Македонија 12.01.2026 08:26
Во Гостивар Ваљбон Лимани избран за градоначалник
Ваљбон Лимани, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, е победник на повторените локални избори во општина Гостивар. Според првичните податоци, Лимани освоил 64,48 насто, додека неговиот противкандидат Невзат Бејта од коалицијата ВЛЕН добил 31,56 проценти од гласовите.
-
Македонија 12.01.2026 08:20
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.










