80-годишен грчки државјанин, осомничен за убиство на ловочувар во близина на Виница. Против останатите тројца инволвирани, меѓу нив еден македонски државјанин, ќе има соодветни поднесоци до Обвинителството, соопштија од МВР.
Вести
-
Македонија 30.03.2026 11:10
-
Македонија 30.03.2026 10:45
Лишен од слобода 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка
На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала.
-
Свет 30.03.2026 10:28
Украинскиот претседател Зеленски во Јордан на важни безбедносни разговори
Украинскиот претседател Зеленски во Јордан на важни безбедносни разговори по потпишувањето на 10-годишни одбранбени договори со земји од Заливот за соработка во воената индустрија.
Во меѓувреме, Киев доби уверување од САД дека воената помош нема да биде пренасочена кон Блискиот Исток.
-
Економија 30.03.2026 10:09
Стабилна економија, но ризици од глобалната криза, соопштија од Народна банка
Советот на Народната банка на редовна седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени дека макроекономската состојба во земјата засега е стабилна и во рамките на проекциите.
-
Македонија 30.03.2026 10:03
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Свет 30.03.2026 09:45
Уапсен 36-годишен маж откако со автомобил прегазил пешаци во центарот на англискиот град Дерби
Полицијата во англискиот град Дерби уапси 36-годишен маж под сомнение за обид за убиство, откако со автомобил удрил во толпа пешаци. Седум лица се хоспитализирани по инцидентот. Случајот засега не се третира како тероризам.
-
Економија 30.03.2026 09:43
Се очекува поевтинување на бензините, се чека новата одлука на РКЕ
Во исчекување на новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, вниманието на јавноста е насочено кон можните промени на цените на горивата, за кои се најавува благо намалување.
-
Свет 30.03.2026 09:27
Пакистан ќе посредува во разговорите меѓу САД и Иран
По недели тивка дипломатија, Пакистан објави дека наскоро ќе биде домаќин на мировни разговори меѓу САД и Иран по средбите на регионалните сили во Исламабад за ставање крај на борбите на Блискиот Исток.
-
Македонија 30.03.2026 09:06
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 30.03.2026 08:44
Вучиќ прогласи победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 општини
Српскиот претседател Вучиќ прогласи победа на владејачката СНС на локалните избори во сите десет општини, повикувајќи на обединување и смирување на тензиите.
Изборниот ден беше обележан со насилство, инциденти и бројни нерегуларности, вклучително и напади врз граѓани и новинари.










