Прага е новата дестинација во листата на летови од скопскиот аеродром. Линијата ќе ја опслужува „Визер“ со три лета неделно. Се зајакнува туристичката и економската соработка меѓу двете земји, Скопје станува значаен регионален центар за патување.
Вести
-
Економија 15.12.2025 13:26
-
Економија 15.12.2025 13:23
МФ: Имаме предвидливи и транспарентни финансии
Задолжувањата преку кредити и државни хартии од вредност е во рамки на проектираното за годинава, буџетот е во добра кондиција.
-
Македонија 15.12.2025 13:21
Судскиот совет внимателно го следи случајот со Фехми Стафа, кому му е одреден притвор од 30 дена
Судскиот совет внимателно го следи случајот со Фехми Стафа, кому му е одреден притвор од 30 дена. Фактот што предметот се однесува за поткуп и пари, со кои требало да се изврши влијание кај апелациски судија ги мобилизира правосудните институции.
-
Македонија 15.12.2025 13:11
Антимигрантски резолуции во Собранието
ВМРО-ДПМНЕ со предлог резолуција до Собранието за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише нашата резолуција, велат социјалдемократите.
-
Македонија 15.12.2025 12:49
Предлогот за разрешување на Коцевски утре на пленарна седница во Собранието
Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да биде ставен на утрешната пленарна седница на Собранието, соопшти претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите.
-
Свет 15.12.2025 12:08
Ден на жалост во Австралија, по смртоносниот напад во Сиднеј
Ден на жалост во Австралија, знамињата на половина копје по смртоносниот напад на плажата „Бонди“ во Сиднеј. Двајца вооружени мажи, татко и син, убија најмалку 15 и ранија десетици лица на еврејски фестивал посветен на Ханука. Жртвите се на возраст од 10 до 87 години.
-
Свет 15.12.2025 11:47
Во Бразил протести против намалувањето на затворските казни
Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Сао Паоло како дел од протестите против законот со кој се намалуваат затворските казни за поранешниот претседател Жаир Болсонаро и другите осудени за обид за државен удар.
-
Свет 15.12.2025 11:34
Бабиш ја презеде функцијатa во Чешка
Новата чешка коалициска влада предводена од Андреј Бабиш ја презеде функцијатa. Се очекува сојузот да ја редефинира надворешната и внатрешната политика на земјата.
-
Македонија 15.12.2025 11:02
Почна украсувањето на главниот град
Почнува официјалното украсување на главниот град за претстојните божикни и новогодишни празици.
-
Македонија 15.12.2025 10:43
Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила.










