„Специјалната обвинителка Катица Јанева отстрани двајца од нејзиниот тим без никакво решение, ниту постапка“- вели претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски. На Лејла Кадриу од тетовското Основно јавно обвинителство и на Марија Ѓоревска од скопското им биле одземени предметите.
Вести
-
Македонија 26.01.2016 15:07
-
Македонија 26.01.2016 14:55
Метео: Утре температура до 15 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност, ќе дува и слаб до умерен ветер од западен правец.
Во утринските часови се очекува појава на слаба магла по одделни котлини.
Дневната температура ќе достигне до 15 степени.
-
Свет 26.01.2016 13:51
Хаос во Париз, протести на таксистите
Полицијата во Париз фрлила солзавец на таксистите кои запалиле оган на главниот автопат во градот. Тие протестираат, како што велат, против нелојалната конкуренција од услугата Убер.
-
Свет 26.01.2016 13:32
Сараево: Почна судењето на екс-командантот на силите во Србереница
Во Сараево денеска почна судскиот процес против поранешниот командант на муслиманските сили во енклавата Сребреница, Насер Ориќ, обвинет за злосторства врз србите за време на војната во Босна и Херцеговина, која траеше од 1992 до 1995 година.
-
Македонија 26.01.2016 13:22
Средба Ангелов- Мардас, фокус на економската соработка меѓу Македонија и Грција
Македонскиот амбасадор во Грција, Дарко Ангелов на средба со грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Димитрис Мардас. Се сретнале на барање на нашиот дипломат.
-
Македонија 26.01.2016 13:15
СПМ: Предвремените парламентарни избори да се одржат на 24-ти април
Предвремените парламентарни избори мора да се одржат на 24-ти април, зашто тоа е во интерес на граѓаните и е во согласност со националните и државните интереси. Ова е ставот на Социјалистичката партија на Македонија што го презентираше на прес-конференција.
-
Економија 26.01.2016 13:09
Објавен тендер за гасоводот Скопје- Тетово- Гостивар
Објавен е оглас за изградба на делницата на магистралниот гасовод Скопје- Тетово-Гостивар во должина од 76 километри. Проценетата вредност на договорот е 1,9 милијарди денари или околу 30 милиони евра.
-
Македонија 26.01.2016 12:54
„Опсерваторија на вештини“ за поголема компатибилност на образовниот систем со пазарот на труд
„Опсерваторија на вештини“ е новата софтверска алатка која ја промовираше Министерството за образование со поддршка на Светска банка. Корисна алатка за повеќе институции кои што меѓусебно се поврзани.
-
Македонија 26.01.2016 12:43
Блокирана македонско – грчката граница поради штрајк на грчките земјоделци
Грчките земјоделци одново во изминативе два часа ги блокираа граничните премини Богородица и Меџитлија од грчка страна.
-
Свет 26.01.2016 12:35
Силен замјотрес крај бреговите на Папуа - Нова Гвинеја
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според рихтеровата скала денеска е регистриран крај бреговите на Папуа - Нова Гвинеја.
Епицентарот бил на 46 километри под морското дно, на 170 километри југоисточно од градот Рабаул.