Сирењето и кашкавалот на „Здравје“, „Бучен Козјак“ и на „Балканска млекарница“ добија виза за извоз на огромниот руски пазар. На преостанатите 11 производители Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор им даде дополнителен рок од 60 дена да ги отстранат воочените недостатоци.
Вести
-
Економија 03.09.2015 15:38
-
Македонија 03.09.2015 15:12
Метео: Топло време до крајот на седмицата
Топлото време во Македонија ќе се задржи до крајот на оваа седмица.
Во недела попладне и кон крајот на денот ќе настапи промена со засилен ветер, локален дожд и пад на температурите од понеделник за 5 до 6 степени.
Утре се очекува максимална дневна температура до 38 степени.
-
Свет 03.09.2015 15:10
Јапонија: Почна контроверзниот лов на делфини
Првиот контроверзен лов на делфини годинава почна во Јапонија кога роболовците испловиле и покрај протестите со кои луѓето ги повикувале да се откажат.
-
Економија 03.09.2015 15:08
Т-Хоум и Т-Мобиле згаснуваат, Телеком ќе нуди услуги под еден бренд
Т- Хоум и Т- Мобиле згаснуваат. Од овој месец под капата на еден бренд „Телеком“, најголемиот телекомуникациски оператор ќе го нуди целото портфолио телекомуникациски услуги. Новиот концепт ги обединува мобилната и фиксната, телевизијата и интернет технологијата.
-
Македонија 03.09.2015 15:04
Пресуда: Пет години затвор за сообраќајката кај Т.Ц. „Зебра“
Казна затвор една година повисока од минималната доби возачот на автомобилот кој ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска на тротоарот кај „Зебра“ во Капитец.
-
Свет 03.09.2015 14:59
Илјадници трактори од Франција се упатија кон Брисел
Француските селани со трактори се упатија кон Париз за да протестираат против падот на цените и високите даноци. Повеќе од илјада фармери од околните места уште рано изутрината се упатиле кон главниот град.
-
Македонија 03.09.2015 14:52
Премиерот Груевски во посета на општините Ѓорче Петров и Сарај
Премиерот груевски е во посета на општините Ѓорче Петров и Сарај. Изврши увид во градежните активности за реконструкција на постојниот објект и за доградба на нови простории во состав на основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром.
-
Македонија 03.09.2015 14:40
Портокалова фаза во Вардарскиот регион, разладување наредната недела
Живата во термометарот се поближува до 40- тиот степен. Вардарскиот регион денеска е во портокалова фаза. Високите температури го диктират темпото на живот. Велешани признаваат- горештините сѐ потешко ги поднесуваат.
-
Македонија 03.09.2015 14:33
Македонците најмногу користат лекови за смирување, срце и притисок
Македонските граѓани најмногу користат лекови за смирување, за срце и за висок притисок. На листата меѓу десетте најчесто користени се и лековите за регулирање на шеќерот во крвта, како и намалувањето на маснотиите, покажува последната анализа на Фондот за здравствено осигурување.
-
Македонија 03.09.2015 13:36
Нелегална продажба на ракија во угостителски објекти во Тетово и Скопје
Царината привремено задржа околу 90 литри домашна ракија и три литри узо без бандероли и со сомнителен квалитет од три правни и едно физичко лице во Скопје и во Тетово кај кои утврди неправилности при продажба на акцизна стока во тек на контролата во изминатите два дена.