Вести

  • Македонија 26.01.2018 12:29

    Тридневна жалост во Тетово

    По вчерашната трагедија во Тетово, Советот на општината донесе одлука за прогласување тридневна жалост. На семејството Зулбеари им се доделува помош од два милиони денари од резервите на општинскиот буџет и им е обезбедено сместување со помош на хумани луѓе.

  • Свет 26.01.2018 11:06

    Јужна Кореја: Жртви и повредени во пожар во болница

    Четириесетина луѓе загинаа, а речиси 80 се повредени во пожар во болница во Јужна Кореја. Пожарот избувнал во сала за итни случаи на првиот кат од главната зграда на болницата.

  • Свет 26.01.2018 10:39

    Сорос против „Фејсбук“ и „Гугл“

    Милијардерот и финансиер Џорџ Сорос тврди дека „Фејсбук“ и „Гугл“ се опасни за демократијата на глобално ниво бидејќи ја попречувале иновацијата и влијаеле негативно врз оформувањето на ставовите и интересите кај луѓето. 

  • Македонија 26.01.2018 10:35

    Македонија го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

    По повод 27 јануари- Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, во Министерството за надворешни работи ќе се одржи комеморативна церемонија и ќе биде отворена изложба на тема „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“.

  • Македонија 26.01.2018 10:29

    ОЈО бара куќен притвор за Дурловски и мерки на претпазливост за Пешевска

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд  достави барање за продолжување на мерките за обезбедување присуство и за непречено водење на кривичната постапка за 35-мина осомничени за собраниските настани.

  • Македонија 26.01.2018 10:25

    Стапува во сила Законот за амнестија

    Од денеска стапува во сила Законот за амнестија, а од понеделник затворите ќе почнат со дистибуција на досиејата на осудените лица до судовите кои им ги изрекле затворските казни.

  • Македонија 26.01.2018 10:23

    Рочиште за случајот „Тарифа“ во Кривичен суд

    За денеска закажано судење за предметот на СЈО- „Тарифа“. Обвинети се поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и уште две лица, за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија вреден околу четири милиони евра.

  • Македонија 26.01.2018 10:20

    Напаѓачите на Зијадин Села на обвинителна клупа

    Во скопска единица судење за собраниските настани од 27-ми април. На обвинителна клупа ќе седнат десет лица обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Еден од нив е и членот на собраниското обезбедување, но тој ќе одговара за непостапување во службата.

  • Свет 26.01.2018 10:18

    Палестинците ги отфрлаат заканите од Трамп

    Палестинските лидери ги отфрлија заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на помошта доколку не прифатат преговори со Израел. Возвратија дека политиката нема да влијае врз народот, а прашањето за Ерусалим и натаму ќе биде клучно за регионалниот мир.

  • Економија 26.01.2018 10:15

    Органските производители ќе бидат евидентирани во посебен регистар

    Од идниот месец треба да се запишат првите земјоделци во електронскиот регистар на оператори со органски производи со што точно ќе се знае кој има сертификат, каде се наоѓа и што нуди на пазарот.

Pages