Десет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце каде што загинаа 11 македонски мировници. На спомен- обележјето цвеќиња положија семејствата на загинатите, министерката за одбрана Шеќеринска, делегации од генералштабот, од Кабинетот на претседателот и од општина Илинден.
Вести
-
Македонија 12.01.2018 13:03
-
Свет 12.01.2018 12:58
Постигнат договор за почеток на коалициските преговори
Демохристијаните на Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц постигнаа договор за формален почеток на преговорите за формирање влада. Со тоа, се зголемија шансите за составување на новиот кабинет на Меркел и за излез од политичката блокада.
-
Економија 12.01.2018 12:46
Заев ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос
Претседателот на Владата, Зоран Заев со владина делегација, на 25-ти и 26-ти јануари, ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
-
Македонија 12.01.2018 12:40
Приведен еден од осомничените за собраниските настани кој се бараше со меѓународна потерница
Полицијата синоќа го привела Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата во Собранието на 27-ми април, кој се бараше со меѓународна потерница.
Според полициски извори Додевски се криел во внатрешноста на земјава, а наводно бил приведен пред ресторан во Скопје.
-
Македонија 12.01.2018 12:38
Апелација ќе расправа за жалбата на пратеникот Сашо Василевски
Во Апелациониот суд за денеска е најавена уште една јавна седница на која ќе се расправа по жалбата за продолжениот притвор на пратеникот Сашо Василевски.
-
Македонија 12.01.2018 11:57
ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нов Извршен комитет
ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе го избира новиот Извршен комитет на партијата. Според информациите, предходно ќе биде свикaн Централниот комитет кој треба да одлучи кој ќе членува во извршното тело на партијата.
-
Свет 12.01.2018 11:39
Претседателски избори во Чешка
Повеќе од осум милиони Чеси денеска и утре ќе излезат на вторите директни претседателски избори.
-
Свет 12.01.2018 11:22
Јапонија: Воз со 600 патници блокиран од снежна бура
Воз со околу 600 патници останал блокиран во текот на ноќта во Јапонија поради снежна бура. Дел од патниците биле евакуирани, но поголемиот дел останале во возот, откако било решено дека е премногу ризично да се евакуираат поради длабокиот снег и мракот.
-
Култура 12.01.2018 11:00
Меѓународни успеси на членовите на Детското ликовно студио
Битолската детска ликовна магија и понатаму ја игра главна улуга во детскиот ликовен свет. На адресата на „Малиот Монмартр“ пристигнаа над 40 медали и друг вид на признанија за минатогодишните настапи на меѓународните конкурси ширум светот.
-
Македонија 12.01.2018 10:53
Реформите за следење на комуникациите на собраниска комисија
Во Собранието на Република Македонија најавени се седници на седум парламентарни комисии. Собраниското тело за одбрана и безбедност ќе ги разгледува предлог- законите за полиција и за внатрешни работи, како и законското решение за Оперативно техничката агенција.










