Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас средбата ја одржале во Солун- потврдија министерствата за надворешни работи на двете земји.
Вести
-
Македонија 12.01.2018 10:45
-
Економија 12.01.2018 10:39
Издадена шестата еврообврзница од 500 милиони евра
Македонија на меѓународниот пазар на капитал ја издаде шестата еврообврзница од 500 милиони евра. Рокот на достасување ѝ е седум години, каматната стапка 2,75 проценти.
-
Свет 12.01.2018 10:34
Трамп повторно повика на изградба на ѕид на границата со Мексико
Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно повика на изградба на ѕид долж границата со Мексико.
-
Македонија 12.01.2018 10:29
Десет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Десет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во која загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ.
Со полагање свежи цвеќиња на спомен обележјето, Министерството за одбрана и АРМ ќе им оддадат почит на трагично загинатите припадници на воздухопловните сили.
-
Македонија 12.01.2018 10:26
Пријавување ново производство на тутун
Пред да склучат договори за откуп, најдоцна до 31-ви март, тутунарите мораат да го пријават новото производство за оваа година.
-
Свет 11.01.2018 17:11
Денеска почнува бугарското претседателство со ЕУ
Членови на Eвропската комисија и нејзиниот претседател Жан Клод Јункер денеска и утре ќе престојуваат во Софија, поради отпочнувањето на бугарското претседателство со Советот на ЕУ.
-
Македонија 11.01.2018 17:04
Нема повреда на Законот за основно образование со Бадникарските поворки
Државниот просветен инспекторат утврди дека нема повреда на Законот за основно образование со Бадникарските поворки. Оттаму велат дека е извршен надзор и добиле записници од 162 училишта од повеќе градови низ Македонија.
-
Економија 11.01.2018 16:47
Карго аеродромот кај Штип најверојатно нема да се гради
Официјална одлука сѐ уште нема, најверојатно карго аеродромот во близина на Штип нема да се гради.
-
Македонија 11.01.2018 16:38
Седници во Апелација за поднесените жалби на притворите за Чавков, Дурловски, Пепиќ и Лазаров
Апсурдно е човек кој 30 години работи во полицијата и се грижи за безбедноста да биде вовлечен во обвинение за тероризам, изјави екс министер за внатрешни работи Митко Чавков на седницата во Апелацискиот суд кадешто се одлучува по неговата жалба за укинување на притворот.
-
Македонија 11.01.2018 16:06
Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците
Со 69 гласа „за“, Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците. Освен пратениците од парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, виза дадоа и народните избраници од БЕСА и од Алијансата на Албанците.










