Шеесет и две годишен маж од Скопје бил пронајден мртов во својот дом. Случајот го пријавил неговиот внук вчера утрото, кој го пронашол својот дедо мртов со прострелна рана од огнено оружје во главата.
Вести
-
Македонија 15.01.2018 12:11
-
Свет 15.01.2018 12:04
Тунис: Судир меѓу полицијата и демонстрантите
Полицијата во Тунис со солзавец им се спротивстави на демонстрантите кои протестираат против новите мерки за штедење. Група млади луѓе со камења фрлаа кон полициските возила чиишто гуми подоцна беа спалувани.
-
Свет 15.01.2018 11:57
Багдад: Жртви и повредени во бомбашки напад
Речиси 30 луѓе загинаа, а 60 се ранети во двојна експлозија во Багдад. Бомбаши-самоубијци детонираа појаси со експлозив во група работници на плоштадот во Центарот на градот.
-
Свет 15.01.2018 11:29
Џакарта: Се урна кат од зградата на берзата, 75 повредени
75 луѓе биле повредени кога се урна кат во зградата на Индонезиската берза. Портпаролот на државната полиција на Индонезија соопшти дека причина за уривањето не е бомба.
-
Македонија 15.01.2018 10:36
Бугарскиот амбасадор ќе ги презентира приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ
Пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања, бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков, ќе ги презентира програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Европската унија во првата половина од годината.
-
Македонија 15.01.2018 10:33
Францускиот печат за спорот со името
Француските дневни весници започнаа да пишуваат за спорот околу името на Република Македонија, по зачестените средби меѓу претставниците на македонската и грчката влада.
-
Економија 15.01.2018 10:23
Зимски туризам: Повеќе инвестиции, подобра понуда за гостите
Повеќе ски лифтови, патеки, вештачки снег кога е неопходно, поквалитетна угостителка услуга и пристап до зимските центри. Македонија има потенцијал, но недоволно искористен за да ги задржи туристите.
-
Македонија 15.01.2018 10:19
Одбележување на Василица: Потрагата по среќата е неминлива
Адети, желби и надежи. Прилепчани ја прославуваат Стара Нова Година и Василица барајќи ја среќната паричка. Вербата во среќата е неминлива. Оние што ја добиле лани, велат, поминале многу среќни мигови. А оние, пак, на кои сега им се насмевна среќата, полни се со надежи.
-
Македонија 15.01.2018 10:15
Протест пред Владата против аерозагадувањето
Иако аерозагадувањето е проблем кој ги мачи сите скопјани, едвај 50-ина излегоа на протест пред Владата барајќи чист воздух. Одзивот е мал бидејќи сме веќе изморени и немаме надеж дека нешто ќе се промени, а протестите немаат ефекти, велат некои од граѓаните.
-
Свет 15.01.2018 10:08
Утре средба за Северна Кореја во Ванкувер
Во канадскиот град Ванкувер на 16 јануари ќе биде одржан состанок на министрите за надворешни работи на кој ќе се разговара за Северна Кореја. Домаќин на средбата ќе бидат шефовите на дипломатиите на Канада и на САД.










