Нема да има отпуштања во јавната администрација, а вработување ќе има согласно потребите, истакна министерот за информатичко општество Манчевски.
Вести
-
Македонија 19.12.2017 12:02
-
Свет 19.12.2017 11:41
Средба Путин- Вучиќ во Москва
Рускиот претседател Владимир Путин во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ.
Ќе разговараат за економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија.
-
Култура 19.12.2017 11:40
Леуварден и Валета престолнини на европската култура во 2018-та година
Холандскиот град Леуварден и Валета, главниот град на Малта, ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2018-та година. Ја преземаат од данскиот Орхус и кипарскиот град Пафос.
-
Свет 19.12.2017 11:35
Пјонгјанг се откажува од дијалог со САД
Северна Кореја го одби предлогот на САД за билатерални преговори поради нуклеарната програма бидејќи со нив, одговорноста за корејската криза се префрла врз Пјонгјанг.
-
Економија 19.12.2017 10:46
Нема промени во оданочувањето на дознаките
Со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција.
-
Економија 19.12.2017 10:44
Доделување на наградата „Претприемач на годината“
На традиционалната манифестација „Претприемач на годината“ ќе бидат доделени наградите за најуспешните претприемачи од микро и мали претпријатија за 2017-та година.
-
Македонија 19.12.2017 10:40
Рочиште за случајот „Тарифа“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Тарифа“. Специјалното јавно обвинителство за овој случај сомничи седум лица поради постоење основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер за потребите на АД ЕЛЕМ.
-
Свет 19.12.2017 10:27
Жртви во железничка несреќа во САД
Најмалку три лица загинаа откако патнички воз излета од шините и падна врз фреквентен автопат во Вашингтон. Седумдесетина луѓе се хоспитализирани, од кои многумина се во критична состојба. Локалните власти ги пребаруваат сите вагони така што очекуваат дека бројката на мртви ќе се зголемува.
-
Македонија 19.12.2017 10:24
Субвенции за органско производство
До 25-ти декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органските преработки и за нивната продажба.
-
Македонија 19.12.2017 10:22
Џафери во посета на Албанија
Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери, а во чиј состав се и пратениците Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска-Наумовска и Реџеп Мемеди, од денеска престојува во тридневна посета на Република Албанија.









