Вести

  • Македонија 29.11.2017 17:10

    ВМРО-ДПМНЕ: Блокирање на крстосници и протест

    ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади на крстосници во главниот град. Партијата ги повика граѓаните, членовите или симпатизерите да дадат поддршка против политичкиот прогон од Власта.

  • Свет 29.11.2017 16:51

    Почина Слободан Праљак откако испи отров во Хаг

    Поранешниот началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана, генералот Слободан Праљак почина во болница во Хаг од отровот што го испи во судницата откако Хашкиот трибунал му ја потврди казната од 20 години затвор за воени злосторства.

  • Економија 29.11.2017 16:14

    „Фени“ под стечај

    „Фени“ оди под стечај- Велешкиот суд го усвои предлогот на Стопанска, Комерцијална и Силк Роуд банка за почнување на постапката. Не ја прифати понудата на бугарската фирма „Енекод“. За стечаен управник е назначен Мирослав Анастасиевски од Гостивар.

  • Економија 29.11.2017 16:06

    Поддршка за инвестиции во обновливи извори на енергија

    Сите заинтересирани домашни компании можат да ги користат можностите да инвестираат во обновливи извори на енергија, особено во фотоволтаици, при што ќе можат да искористат и 65% поддршка преку ИПАРД програмата, со што драстично се намалуваат трошоците за енергија, а средствата се враќаат за само

  • Македонија 29.11.2017 15:51

    Шилегов избран за претседател на ЗЕЛС, ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на конститутивната седница

    Петре Шилегов е нов претседател на Управниот одбор на ЗЕЛС. За негови заменици избрани градоначалниците на општина Чаир, Висар Ганиу и на Кавадарци, Митко Јанчев. На конститутивната седница формирани сите тела на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

  • Македонија 29.11.2017 15:46

    Уште еден обвинет во „Насилство во Центар“ призна вина

    Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Јордан Ристески призна дека поттикнувал насилство за време на протестите во 2013-тата година. Изјави- размислувал за тоа што го сторил и искрено се кае. Признанието рече- го дава доброволно и е свесен за последиците.

  • Македонија 29.11.2017 15:41

    Распитот заврши, притвор за дел од приведените

    На 13- мина од приведените за собраниските настани од 27- ми април, судија на претходна постапка им одреди по 30 дена притвор. Шестмина се во куќен. Од скопскиот Кривичен суд информираа дека на распит биле спроведени 24-ца.

  • Македонија 29.11.2017 15:31

    Остварување еднакви права на Ромите

    Говорот на омраза да се третира како кривично дело, подобрување на пристапот до правда, подигнување на свесноста за дискриминација – дел од мерките кои треба да се преземат за да се стави крај на дискриминацијата.

  • Македонија 29.11.2017 15:18

    Усвоен Предлог- законот за амнестија, на слобода ќе излезат 670 осудени лица

    Владата го усвои Предлог- законот за амнестија. На слобода ќе излезат 670 правосилно осудени лица, а на 3.090 ќе им биде намалена казната за 30 насто, информираат од Владата. Со овој Предлог- закон ќе се амнестираат сите обвинети до 20- ти септември годинава.

  • Свет 29.11.2017 14:55

    Шпанија: Воз излета од железничка шина, повредени 21 лице

    Дваесет и едно лице се повредени кога вагон на патнички воз излетал од железничка шина меѓу јужните шпански градови Малага и Севилја.

    До инцидентот дошло поради неповолни временски услови предизвикани од обилните дождови. Во тек е истрага за несреќата.

Pages