Десет мигранти од Сирија и од Пакистан синоќа околу полноќ биле откриени во товарно моторно возило со радовишки регистарски таблички, на патот Гевгелија-Неготино.
Вести
-
Македонија 24.10.2017 12:23
-
Свет 24.10.2017 11:34
Продолжува дипломатскиот спор меѓу САД и Русија
Американските власти не им дозволија влез на руските дипломати во Генералниот конзулат во Сан Франциуско. Планирале да ја земат конзуларната архива, која според нив, американските власти самоволно ја префрлиле во Вашингтон.
-
Свет 24.10.2017 11:03
Француски активисти му нудат засолниште на Пуџдемон
Француски активисти и нудат засолниште на каталонската влада доколку се влошат односите со Мадрид. Имотот е лоциран во Перпињан, каталонско говорно подрачје припоено кон Франција во 17 век, а во план е изнајмување на уште неколку недвижнини.
-
Македонија 24.10.2017 10:54
Најмногу дожд во Дојран
Најмногу дожд во изминатите 24 часа се наврнати во Дојран. УХМР регистрира 88 литри на метар квадратен.
-
Македонија 24.10.2017 10:45
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на распит за настаните во Собранието од 27-ми април
Во Јавното обвинителство денеска на распит пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за настаните во Собранието на 27-ми април. Според најавите, деновиве на распит ќе бидат повикани уште неколкумина други пратеници кои биле во холот на Собранието пред да влезе толпата.
-
Свет 24.10.2017 10:21
Орбан: ЕУ и Сорос виновни за бегалската криза
Според унгарскиот премиер Виктор Орбан, обединетоста со Полска и со Чешка ќе ја запре глобализацијата и масовната миграција.
Додаде дека Централна Европа е последната слободна зона од мигранти, критикувајќи ја Унијата дека треба да ги заштити внатрешните граници.
-
Економија 24.10.2017 10:16
Зголемени откупните цени на јаболкото
Јаболката на пазарите на оваа есен се продаваат со повисоки цени од ланските. Пролетните мразеви, а подоцна и градот кој го зафати најголемиот регион за производство на јаболка, Ресенско- преспанскиот, го преполови родот што донесе помала понуда и поголема цена на јаболкото.
-
Македонија 24.10.2017 10:07
Работилница за проектот на НАТО - СИАРС
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ покрај наставната дејност, последниве години се вклучува и во научноистражувачки проекти. Еден од нив, кој е во финална фаза е СИАРС - современ медицински информатички систем, финансиран од НАТО- програмата наука за мир и безбедност.
-
Македонија 24.10.2017 09:20
Управниот суд уважи една од тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори
Управниот суд уважи една од поднесените 28 тужби од ВМРО-ДПМНЕ, за поништување на гласање на избори за членови на Советот на Град Скопје, на гласачкото место 2461 во Општина Сарај.
-
Македонија 24.10.2017 08:32
Грујевски и Бошкоски денеска пред Судот во Солун
Поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски денеска ќе бидат изведени пред Судот во Солун. Судскиот процес за поседување на фалсификуваните бугарски пасоши е закажан точно напладне, по локално грчко време.









