Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Ќе дува засилен северен ветер.
Вести
-
Македонија 24.10.2017 08:28
-
Култура 24.10.2017 08:27
Претставување на венецуелската кинематографија во Македонија
Прво претставување на венецуелската кинематографија во Македонија преку ревија филмови од таа јужноамериканска земја ќе има во Кинотеката на Македонија од денеска до 29 октомври.
Организатори се Филмскиот фестивал Киненова и Амбасадата на Боливарска Република Венецуела во Софија.
-
Македонија 20.10.2017 16:26
ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот поткуп продолжува и во вториот круг
Постојано пристигнуваат информации за огромни изборни нерегуларности, злоупотреби, кршења на процедури и притисоци и за вториот изборен круг, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 20.10.2017 16:24
БЕСА: На општина Сарај ѝ треба градоначалник кој ќе направи промена
На општината Сарај ѝ треба градоначалник кој знае како да направи промена, кој носи надеж и ќе ги обедини граѓаните, рече во своето обраќање кандидатот на БЕСА за градоначалник на Сарај, Башким Бакију.
-
Македонија 20.10.2017 16:22
ДУИ очекува победа во вториот круг
Демократската унија за интеграција очекува апсолутна победа на 29-ти октомври, велат од Централниот штаб на партијата. Сметаат дека ќе добијат двојно повеќе гласови од нивните опоненти во албанскиот блок.
-
Македонија 20.10.2017 16:21
Заев: Еднаквост меѓу граѓаните и во квалитетот на живот
Еднаквост меѓу граѓаните треба да постои и во квалитетот на живот. Не може во главниот град да се истураат милиони евра, а овде во Шуто Оризари да зборуваме за асфалт, вода, канализација, за детска градинка.
-
Свет 20.10.2017 15:51
САД: Усвоен нацрт-буџетот за 2018 година
Американскиот Сенат и даде зелено светло на даночната реформа предложена од Републиканците и претседателот Доналд Трамп, со која се предвидува намалување на вкупното даночно оптеретување за 1.500 милијарди долари.
-
Економија 20.10.2017 15:45
Светска банка: Корекција и намалување на растот за Македонија
Растот на македонската економија годинава забави поради политичката нестабилност во првото полугодие и ќе достигне 1,5 наместо очекуваните 2,8%, се вели во октомвриската прогноза на Светска банка. За в година растот на нашиот БДП би достигнал 3,2%, односно 3,9% во 2019-та.
-
Македонија 20.10.2017 15:04
МНР потврди дека во Словачка се приведени македонски државјани
Министрерството за надворешни потврди дека во Словачка биле приведени 8-мина македонски државјани кои работеле со лажни дозволи за работа. Тие се приведени во фабрика најверојатно кинеска сопственост, во близина на словачкиот град Трнава.
-
Економија 20.10.2017 14:35
Бугарската компанија „Енекод“ нов сопственик на „Фени“
„Фени индустри“ не оди во стечај. Бугарската компанија „Енекод“ е нов соственик на комбинатот. Сите работници ќе останат со статусот што го имаа – информираат од Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика.










