Вести

  • Македонија 25.10.2017 15:01

    Заев- Пацоли: Македонија и Косово немаат отворени прашања

    Република Македонија и Република Косово немаат отворени билатерални прашања, што отвора големи можности за унапредување на односите помеѓу двете држави.

  • Македонија 25.10.2017 14:52

    Шилегов ја презеде градоначалничката функција

    Примопредавање на функцијата градоначалник на Скопје. Стариот градски татко Трајановски, задоволен од сработеното и од оставените 834 милиони денари во градската каса. Новиот градоначалник Шилегов најави старт на работата со итни мерки за борба против загадувањето на воздухот.

  • Економија 25.10.2017 14:47

    Анѓушев: За секоја промена во даночната политика ќе се консултира бизнис заедницата

    За секоја промена во даночната политика ќе биде консултирана бизнис заедницата- вели вицепремиерт за еконосмки прашања. Забелешките што ќе пристигнат на адреса на економскиот тим на владата за пакетот мерки од планот за економски развој ќе бидат преточени во програмата- тврди Анѓушев.

  • Свет 25.10.2017 14:28

    САД повторно ќе примаат бегалци

    Американскиот претседател Доналд Трамп дозволи повторно да се примаат белгаци во САД, но по нови, построги правила за проверка. Тој, исто така, нареди граѓаните од 11 земји, кои САД ги оквалификува како „ризични“, да бидат подложени на екстремни контроли.

  • Свет 25.10.2017 13:22

    Берлин: Во неколку рации запленето оружје и муниција

    Германската полиција во повеќе рации во Берлин заплени оружје и поголемо количество муниција, а едно лице е приведено. Рациите биле спроведени на четири локации во рамките на истрагата поврзана со маж осомничен дека е поврзан со исламски екстремисти.

  • Македонија 25.10.2017 13:18

    ВМРО-ДПМНЕ: Притисок на власта врз Управниот суд

    Завчера Управниот суд поради политичкиот притисок кој во изминатиот период го вршеа СЈО, СДС и медиумите блиски до нив, подлегна на притисокот и реши да ги заобиколи законите и да не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место каде што ВМРО-ДПМНЕ имаше покренато тужби за еклатантни изборни

  • Македонија 25.10.2017 13:15

    Нема прегласување на ниту едно гласачко место

    Нема прегласување на првиот круг локални избори во ниту една општина. Државната изборна комисија ги потврди за конечни резултатите, откако Управниот суд ги разгледа и одлучи по сите тужби на политичките партии.

  • Економија 25.10.2017 13:10

    СКСЗМ очекува максимален економски раст од 0,7 проценти годинава

    Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) со песимистичка прогноза- очекува годинава да ја заокружиме со максимален економски раст од 0,7 насто, наспроти последната прозноза на Светска банка за раст од 1,5 проценти.

  • Македонија 25.10.2017 12:54

    Димитров- Пацоли: Интензивирање на политичката и економската соработка

    Ќе направиме сѐ што можеме да ја отстраниме дополнителната мерка за визната либерализација, според која македонските државјани од 2020-та ќе мора да се најавуваат преку интернет и да плаќаат за влез во Европската унија, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров.

  • Свет 25.10.2017 12:35

    Џинпинг со нов мандат

    Си Џинпинг доби нов петгодишен мандат како генерален секретар на Комунистичката партија на Кина. Годинашниот самит ја прекрши традицијата за избор на негов наследник поради што се прогнозира дека Џинпинг ќе продолжи да владее и по 2022 година.

Pages