Шпанската влада постигна договор со опозиската Социјалистичка работничка партија да се одржат регионални избори во Каталонија во јануари 2018 година, како дел од пакетот мерки за воспоставување директна контрола над овој регион.
Вести
-
Свет 20.10.2017 13:16
-
Македонија 20.10.2017 13:00
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот
Граѓаните гласаа слободно, изборите беа фер и демократски. ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот- порачуваат од СДСМ.
Гласањето беше по слободна волја и без притисоци, велат во СДСМ, а резултатите на изборите покажаа како изгледаат општините и Македонија воопшто.
-
Свет 20.10.2017 12:38
САД: Се гради граничниот ѕид со Мексико
Привршуваат градежните работи на граничниот ѕид со Мексико. Осум прототипови со височина од околу 5 до 9 метри се поставени во близина на границата којашто е долга 3.142 километри.
Од нив, веќе 1.100 километри се покриени со ѕид, метална или жичана ограда.
-
Македонија 20.10.2017 12:33
Бошњаковски: Владата очекува почитување на меѓународните договори за екстрадиција
Македонската Влада очекува Грција да ги естрадира поранешните вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, коишто беа уапсени во Солун. Двајцата се обвинети во предметот „Таргет- Тврдина“, за уништување на опремата за прислушување.
-
Економија 20.10.2017 12:27
Светска банка: Раст на македонската економија од 1,5% во 2017-та
Најновата октомвриска проекција на Светска банка за растот на македонската економија во 2017-та година е 1,5 проценти, наместо 2,8 како што се предвидуваше со априлската проекција.
-
Свет 20.10.2017 11:55
Претседателски избори во Словенија, Борут Пахор фаворит
В недела Словенците бираат нов шеф на државата. На шестите претседателски избори од осамостојувањето на земјата учествуваат девет кандидати.
Меѓу темите за ќе дебатираат се и подобрувањето на животниот стандард и решавање на граничниот спор.
-
Свет 20.10.2017 11:29
Италија: Референдум во Ломбардија и Венето
Италијанските области Ломбардија и Венето организираат консултативен референдум за поголема автономија во однос на Владата во Рим.
-
Култура 20.10.2017 11:18
Ди Александер, „Интерзоне“ и Орландо Џулиус вечерва на Скопски џез- фестивал
На Скопски џез-фестивал вечер ќе настапи Ди Александер, една од најталентираните и најпочитуваните вокалистки од Чикаго. Позната џез-пејачка со својот квартет доаѓа во Европа само за овој концерт.
-
Свет 20.10.2017 11:13
Тереза Меј бара ЕУ да ги придвижи преговорите
Британската премиерка Тереза Меј ги повика лидерите од Европската унија да понудат динамика која ќе овозможи постигнување на напредок во преговорите за Брегзит.
Според процедурата, Обединетото Кралство официјално ќе го напушти блокот во 2019 година.
-
Македонија 20.10.2017 10:55
До недела сончево, од понеделник дожд
Скопје е најтопол град во регионот. Температурата ќе достигне 28 целзиусови степени. И до недела ќе се задржи стабилно и суво време со надпросечна дневна температура.










