Македонија и Црна Гора немаат отворени прашања, одлични билатерални односи што може да се продлабочат со интензивирање на економската соработка.
Вести
-
Македонија 16.10.2017 14:53
-
Македонија 16.10.2017 14:42
Шилегов: Новото Скопје повторно се раѓа, народот ги избра промените
Новото Скопје повторно се раѓа, народот ги избра промените, рече Петре Шилегов на првата прес- конференција. Изјави дека победил во првиот круг. Им се заблагодари на граѓаните што гласале за него и вети дека градската администрација ќе биде сервис на граѓаните.
-
Македонија 16.10.2017 14:31
За 13 настани поврзани со изборниот процес се води предистражна постапка
За изборни нерегуларности се отворени предистражни постапки во Основните обвинителства во Скопје, Битола и во Кочани.
-
Македонија 16.10.2017 13:51
Метео: Сончево и топло, температура до 28 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Температурата во текот на денот ќе достигне до 28 степени.
И во наредните денови нема да има позначајна промена на временските услови.
-
Економија 16.10.2017 13:49
Дизелот и Еуросупер 95 со пониски цени за половина денар
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, одлучи Регулатрната комисија за енергетика.
-
Македонија 16.10.2017 13:20
45.181 неважечко гласачко ливче во првиот круг на локалните избори
Вкупно 45.181 неважечко гласачко ливче утврдила Државната изборна комисија во првиот круг на вчерашните локални избори, по пребројаните 99,57 отсто од гласовите.
Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња во првиот круг од изборите изнесува 1.028.038.
-
Македонија 16.10.2017 13:04
45 општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори
Четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори, а во 35 ќе има втор круг, на 29-ти октомври. СДСМ во првиот круг освоило 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ три, ДУИ две, група избирачи две, и Демократската партија на турците едно.
-
Свет 16.10.2017 12:34
Мадрид притиска, Барселона тактизира
Наместо конкретен одговор, каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон побара уште два месеца за дијалог со владата во Мадрид откако премиерот на Шпанија, Маријано Рахој му постави ултиматум да ја разреши дилемата околу прогласувањето независност.
-
Свет 16.10.2017 11:37
Пожари во Португалија и Шпанија
Неколкумина загинаа во стотици шумски пожари на Пиринејскиот Полуостров. Во Шпанија е опожарена северозападната област Галиција, а жаришта има и во градот Виго, каде што е евакуирана приградска студентска населба.
-
Македонија 16.10.2017 11:35
Влада на РМ: Граѓаните, институциите и политичките субјекти спроведоа фер и демократски избори
Граѓаните на Република Македонија извојуваа уште една победа за демократијата.










