Премиерот Зоран Заев на вториот ден од работната посета на Израел имаше средба со неговиот домаќин, претседателот на израелската влада Бенјамин Нетанјаху. Главна тема- безбедносната соработка.
Вести
-
Македонија 04.09.2017 14:18
-
Економија 04.09.2017 13:06
Бензините поскапуваат, дизелот со иста цена
Од полноќ Еуросупер бензинот БС 95 поскапува за денар и литар ќе се продава за 63 денари, додека бензинот БС 98 ќе има зголемена цена за половина дена.
-
Македонија 04.09.2017 12:59
Започна новата учебна година
Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година за околу 270 илјади ученици. Во училишните клупи седнаа речиси 20 илјади првачиња.
-
Македонија 04.09.2017 12:31
Продолжен рокот за пријавување за упис на Воената академија за родот авијација
Рокот за пријавување на конкурсот за слушатели за стручно оспособување и усовршување за родот авијација се продолжува до 20 октомври годинава, информираат од Министерството за одбрана и од воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.
-
Свет 04.09.2017 12:20
Меркел е поубедлива, Шулц има силен став
Според телевизиската анкета на ЗДФ, германската канцеларка Ангела Меркел оставила подобар впечаток во ТВ дуелот со Мартин Шулц. По првата половина од дебатата, Меркел имала поддршка од 33 насто од гласачите, а нејзиниот опонент Шулц, 17 проценти.
-
Свет 04.09.2017 12:04
Папата Франциск во посета на Колумбија
Папата Франциск ќе оди во петдневна посета на Колумбија за да го поддржи мировниот процес кој го оконча полувековниот конфликт меѓу владата и герилците од ФАРК во кој загинаа 220 илјади луѓе.
-
Свет 04.09.2017 11:45
Чешка сака да е надвор од Еврозоната
„Чешка сака да остане надвор од Еврозоната и треба да и врши притисок на ЕУ да ги затвори надворешните граници за илегалните мирганти“, се вели во манифестот на движењето АНО, партијата која води во анкетите за парламентарните избори во октомври.
-
Македонија 04.09.2017 11:27
Истекува рокот за потписи за независни кандидати за локалните избори
Вечерва на полноќ завршува рокот за собирање потписи за листи на независните кандидати за советници и градоначалници. Политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9-ти септември.
-
Македонија 04.09.2017 11:05
Шекеринска и Димитров на Бледскиот стратегиски форум
Во Блед, Словенија почнува Стратегискиот форум, водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа на која што учествуваат и министрите за надворешни и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска.
-
Македонија 04.09.2017 11:00
Неуспешен референдум во Босилово
Неуспешен е референдумот за рудниците во општина Босилово затоа што не е исполнета излезноста од 50 насто плус еден од запишаните гласачи.









