Во утринските часови е нападнат Врховниот суд во Каракас. Хеликоптер истрелал неколку гранати, Ројтерс информира дека станува збор за 4 проектили и 15 куршуми кои биле дополнително истрелани врз Министерството за внатрешни работи.
Вести
-
Свет 28.06.2017 10:15
-
Македонија 28.06.2017 10:08
Почнува запишувањето ученици во средно образование
Почнува запишувањето на учениците во јавните средни училишта. Денеска и утре трае првиот јунски уписен рок, резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 30-ти јуни.
-
Македонија 28.06.2017 09:00
Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за транспорт, врски и екологија и за еднакви можности на мажите и жените.
-
Македонија 28.06.2017 08:59
Неколкучасовен прекин на сообраќајот на патот Маврово - Дебар кај Рајчица
Сообраќајот на патот Маврово - Дебар на делот од селото Рајчица - Дебар денеска од 13 до 17 часот ќе биде во целосен прекин.
Причина за прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, се градежни активности на овој дел од патот.
-
Македонија 27.06.2017 17:06
Нимиц на 2-ри јули во посета на Македонија
Специјалниот претставник на Обединетите нации и медијатор во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц на втори јули доаѓа во Скопје.
Според нашите информации, Нимиц ќе ја посети само земјава, но не и Атина. Предвидени се средби со државниот врв.
-
Македонија 27.06.2017 17:00
Прибе и експертите ги почнаа средбите
Рајнхард Прибе со тимот експерти ќе ѝ помага на новата Влада во спроведувањето на итните реформски приоритети.
-
Македонија 27.06.2017 16:34
ВМРО-ДПМНЕ: СДС за да ги прикрие криминалите има намера да го партизира судството
Најдобар показател за желбата на Зоран Заев да управува и да го контролира судството е случајот „Поткуп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Обвинуваат, СДС за да ги прикрие криминалите има намера да го партизира судството.
-
Економија 27.06.2017 16:29
Самитот во Трст ќе го приближи регионот кон ЕУ
Германија, Франција, Австрија, Италија, поддржани од Словенија и од Хрватска ќе се обидат да ја придвижат економската интеграција на шесте земји од Западен Балкан кон ЕУ.
-
Македонија 27.06.2017 16:23
Невладиниот и бизнис секторот против продолжување на породилното отсуство
Подобар статус на жената на пазарот на трудот, заштита на здравјето како и ефикасно згрижување на децата во градинките- бараат дел од од невладиниот сектор и бизинисот. Тие се против зголемувањето на породилното отсуство од 9 на 18 месеци.
-
Македонија 27.06.2017 16:18
Бесплатна правна помош за маргинализираните групи
Маргинализираната категорија граѓани имаат потреба од бесплатна правна заштита, покажува истражувањето на граѓанскиот сектор. Според нив се потребни финансиски и административни услови за враќање на довербата во системот.










