Два земјотреса ноќеска повторно го потресоа охридскиот регион.
Вести
-
Македонија 29.06.2017 07:56
-
Култура 28.06.2017 16:22
Итна санација на Галеријата на икони во Музејот на Македонија
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вели дека колекцијата во Галеријата на икони на Музејот на Македонија е оставена во крајно несоодветни услови, без мерки за заштита. Најави итна санација.
-
Македонија 28.06.2017 16:12
Шекеринска во Брисел на состанок на Северноатлантскиот совет
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, соопшти Министерството за одбрана.
-
Македонија 28.06.2017 16:02
Комисиска расправа за евроинтеграциите, дебата околу терминот „заробена држава“
Државата се придвижува напред, кредибилните избори овозможија нов почеток со нови можности и оптимизам кај македонските граѓани и во Брисел, смета евроамбасадорот Самуел Жбогар. Според него, реформи мора да се спроведат не поради Брисел, туку за македонските граѓани.
-
Свет 28.06.2017 15:56
Брнабиќ го претстави новиот кабинет, најави реформи и побрз економски раст
Од досегашните мистри двајца ги менуваат ресорите, а има и три нови имиња- изјави мандатарката Брнабиќ во експозето во Собранието.
-
Свет 28.06.2017 15:54
Претседателот на ПССЕ, Аграмунт исклучен од Европската народна партија
Групата на Народните партии при Парламентарното собрание на Советот на Европа, го исклучи претседателот на истото собрание Педро Аграмунт од членство во групата, наскоро е можно негово отповиокување од функцијата претседател на паневропската асамблеја.
-
Македонија 28.06.2017 15:53
Истражна постапка против тројца осомничени за хеликоптерската несреќа кај Струмица
Струмичкото јавно обвинителство издаде наредба за спроведување истражна постапка против три лица осомничени за хеликоптерската несреќа на 10-ти јули 2014-та година, во која загинаа четворица полициски пилоти.
-
Македонија 28.06.2017 15:22
Анкета: Подобар живот од новата Влада очекуваат 59 проценти од граѓаните
59 проценти од граѓаните очекуваат подобар живот од новата влада- покажуваат резултатите од теренското истражување на агенцијата Брима, спроведено од 2-ри до 12-ти јуни. 27 насто се скептични.
-
Македонија 28.06.2017 15:17
Средба Заев- Јанакакис
Премиерот Зоран Заев на средба со амбасадорот на Грција во Македонија, Димитрис Јанакакис. Оцениле дека е создадена позитивна атмосфера за градење доверба и за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
-
Македонија 28.06.2017 15:07
Предлог за продолжување на кризната ситуација на дел од јужната граница
Рокот на времетрањето на кризната ситуација на дел од јужната граница да се продолжи до 31-ви декември годинава. Ваква одлука донесла Владата на вчерашната седница. Ќе се разгледува на утрешната собраниска седница.









